Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Извештај на Европската унија за надзор за присуство на трансмисивни спонгиформни енцефалопатии (ТСЕ) во 2019 година

24.11.2020
Извештај на Европската унија за надзор за присуство на трансмисивни спонгиформни енцефалопатии (ТСЕ) во 2019 година

Европската агенција за безбедност на храна подготви извештај во кој се содржани деталните резултати од спроведените активности за надзор на трансмисивните спонгиформни енцефалопатии (ТСЕ) во 2019 година во 28 земји членки на Европската унија и 6 земји кои не се членки на ЕУ (Северна Македонија, Црна Гора, Исланд, Норвешка, Србија и Швајцарија), како и активностите поврзани со генотипизација на податоците за овци. Податоците од мониторингот на ТСЕ се репортираат одделно по држава во согласност со Регулативата на Европската комисија 999/2001 и содржи податоци за тестирањата и податоци за одделни случаи.

На ниво на земји членки на Европска унија, во 2019 година тестирани се вкупно 1.150.388 говеда односно 2.7% помалку отколку претходната година. Тестирањето за БСЕ најчесто било сконцентрирано на групата на животни под ризик (санитарно колење), животни кои покажувале клинички знаци за време на ante mortem инспекцијата и угинат добиток со повеќе од 83% од говедата кои се тестирани на ниво на ЕУ. Земјите кои не се членки на Европската унија имаат тестирано вкупно 44,557 говеда без пријавени позитивни случаи.

На ниво на Европска унија, во 2019 година имало потврдени седум атипични БСЕ случаи и тоа во: Шпанија (2 H‐BSE), Франција (4 H‐BSE) и Полска (1 L‐BSE).

Во 2019 година на ниво на земји членки на Европска унија, биле тестирани вкупно 481.627 мали преживари и тоа: 338.098 овци (3.9% повеќе отколку во 2018 година) и 143.529 кози (3.9% повеќе отколку во 2018 година). Дополнително, 23.473 овци и 217 кози биле тестирани во 2019 година од страна на три односно четири земји кои не се членки на Европската унија (Северна Македонија, Норвешка, Исланд и Србија) со пријавени позитивни случаи единствено од страна на Исланд.


Текстот на целиот извештај е достапен на следниот линк:

https://efsa.onlinelibrary.wiley.com/doi/epdf/10.2903/j.efsa.2020.6303

 

 

 

Ознаки
Категорија