Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почна со спроведување на новиот проект “Подобрена имплементација на законодавството во делот на здравјето на животните, безбедноста на храната и фитосанитарната област и соодветните информациски системи ”кој ќе се реализира со финансиска поддршка од Европската унија во рамки на ИПА 2015.
“Решавањето на проблемот со бездомните животни бара мултисекторски пристап и соработка меѓу институциите на системот, невладините организации и локалните самоуправи и налага преземање на законски дефинирани мерки и спроведување на активности со кои конечно ќе се стави ред и ќе се реши овој децениски проблем...
Агенцијата за храна и ветеринарство ја донесе Годишната Наредба за здравствена заштита на животните за 2019 година, во која се содржани активностите од јавен интерес од областа на здравствената заштита на животните.
Македонската Агенција за храна и ветеринарство ќе и помогне на српската Ветеринарна управа во изработката на анализата на ризик и на Планот за земање на мостри на граничните премини. Ова е договорено на денешниот билатерален состанок меѓу директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија Зоран Атанасов и неговата колешка Емина Милакара, директор на Ветеринарна управа при Министерството за земјоделство на Република Србија, кој денес се одржа во Белград.
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов одржа работен состанок со претставници од неформалната група „Коалиција против ГМО“ на кој се разговараше за најавените измени во Законот за безбедност на храната за регулирање на трговијата со производите кои содржат ГМО. Од страна на директорот Атанасов на претставниците на оваа неформална група презентирани им беа надлежностите на Агенцијата за храна и ветеринарство во делот на ГМО храната, како и основите за регулирање на производството и одредбите за заштита на животната средина кои се во надлежност на други државни институции.
Со цел обезбедување на висок степен на заштита на здравјето на луѓето, Агенцијата за храна и ветеринарство донесе пакет програми за мониторинг на безбедност на храна и храната за животни за 2019 година.
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, денес оствари работна средба со менаџерскиот тим на месната индустрија ,,Пекабеско,, која кон крајот на минатата година доби одобрение од Агенцијата за храна и ветеринарство за извоз на производи од говедско и свинско месо на европскиот пазар. Со одобрувањето, оваа компанија стана деветнаесетти објект кој има добиено број за извоз на европскиот пазар и се наоѓа на листата на одобрени објекти на Европската комисија за извоз на храна од Република Северна Македонија.
Заокружување на концептот на одговорното сопствеништво во Република Северна Македонија и решавање на проблемот со бездомните кучиња преку подобрување и унапредување на текстот на измените на Законот за заштита и благосотојба на животните кој наскоро треба да се најде во собраниска процедура, беше тема на денешниот работен состанок кој директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов го одржа со претставници на релевантни здруженија од областа на кинологијата.
Повеќето видови животни релативно добро ги поднесуваат ниските температури но, при појава на ниски температури, особено екстремно ниски кои се проследени со силен ветер и високи врнежи и наноси на снег во предвид треба да се земат следните препораки:
Агенцијата за храна и ветеринарство најостро ја демантира изјавата на Ефтим Шаклев, претседател на Асоцијацијата на земјоделци, пренесена од неколку медиуми во која тој неосновано бара да се води контрола на продажбата на свежо свинско месо во земјава, упатувајќи барање свежото свинско месо во прометот да не е претходно замрзнато.