
Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари
Во услови на пандемија со КОВИД 19 вирусот и максимално подигнати безбедносни мерки за заштита од појава и ширење на вирусот на болеста африканска свинска чума
во нашата земја, кога во селските домаќинста интензивно се извршуваат активности на колење на свињи, Агенцијата за храна и ветеринарство апелира оваа активност да
се изврши крајно внимателно. Максимално да се почитуваат препораките за заштита од КОВИД 19 вирусот како и на сите безбедносни мерки пред, за време, по колењето,
конфекционирањето и подготовката на месото.
Хуманоста на дело покажана и во услови на пандемија
Дваесеттина вработени од Агенцијата за храна и ветеринарство и во услови на пандемија со вирусот КОВИД 19, денес ја покажаа хуманоста на дело и се приклучија на крводарителската акција која се одржа во Агенцијата. Акцијата се реализира во организација на Црвениот крст на општина Центар и Институтот за трансфузициона медицина.
EFSA додели сертификат на Агенцијата за храна и ветеринарство
Како партнер во спроведувањето на регионалната кампања, Европската агенција за безбедност на храна и додели сертификат на Агенцијата за храна и ветеринарство како благодарница за заедничкиот вложен труд и посветеноста во насока на подигнувањето на јавната свест и спречувањето на ширењето на оваа болест која со големи економски последици.