Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Објавен јавен повик за вршење на активности од јавен интерес од областа на здравствената заштита на животните бр. 1/2021

05.04.2021
Агенција за храна и ветеринарство

Агенцијата за храна и ветеринарство објавува ЈАВЕН ПОВИК БР. 1 /2021 за вршење на активности од јавен интерес од областа на здравствена заштита на животните.

 

Врз основа на член 40 став (8) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16) Агенцијата за храна и ветеринарство објавува јавен повик за покажување на интерес за вршење на активности од јавен интерес од областа на здравствена заштита на животните.

 

  1. Предмет на јавниот повик

 

Предмет на овој јавен повик e давање на јавно овластување за вршење на активности од јавен интерес од областа на здравствена заштита на животните согласно Законот за здравствена заштита на животните, Законот за идентификација и регистрација на животните, Годишната наредба за здравствена заштита на животните, како и други мерки за превенција и сузбивање на заразни болести кои ќе бидат наредени од Агенцијата на ветеринарни амбуланти, клиники, болници и ветеринарни служби на одгледувалишта одобрени по јавниот повик спроведен во мај 2020 година, а согласно член 40 став (8) од Законот за ветеринарното здравство.

 

Повикот се однесува за сите епизоотиолошки единици односно општини во Република Северна Македонија.

 

  1. Услови за пријавување на јавниот повик

 

    1. Право на учество
      1. Право на учество имаат сите правни лица со регистрирана дејност - ветеринарно-здравствена дејност, како ветеринарна амбуланта, клиника односно станица или болница и ветеринарна служба на одгледувалиште кои во моментот ги исполнуваат условите за вршење ветеринарно-здравствена дејност, а се одобрени по јавниот повик објавен во maj 2020 година. На повикот може да се јават правните лица, регистрирани за вршење ветеринарно - здравствена дејност заклучно со денот на објавувањето на повикот.
      2. Краен рок за доставување на апликациите е пет работни дена сметано од наредниот ден од денот на објавување.

 

    1. Документи во прилог на апликацијата
      1. Апликација за интерес (Образец 1)
      2. Документи за правна, економско-финансиска и професионална состојба на апликантите. Како доказ за правната, економско финансиската и професионалната состојба, понудувачот треба да ги достави следните документи:
        1. Решение за одобрение за работа;
        2. Записник потпишан од официјален ветеринар за правното лице, за секој поединечен објект со кој правното лице аплицира (Образец 2);
        3. За докажување на способноста за вршење на професионалната дејност, понудувачот треба да достави со својата понуда документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран. Документ издаден од Централниот регистaр на РМ за регистрирана дејност – ветеринарно-здравствена дејност;

2.2.2.4 Лична состојба

-во последните 5 години, на понудувачот да не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;

-на понудувачот да не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;

-на понудувачот да не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;

понудувачот да не е во постапка за стечај или во постапка за ликвидација;

понудувачот да нема неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки; освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;

-на понудувачот да не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност, и

- понудувачот е должен да дава точни податоци и да ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.

        1. Доказ дека со правосилна пресуда не е изречена мерка на безбедност-забрана за вршење дејност на секој носител на дејност (доктор по ветеринарна медицина) со кој понудувачот се јавува на конкурсот, издадена од надлежен Основен суд;
        2. Изјава од одговорното лице за веродостојност на податоците од апликацијата (Образец 3).

 

Сите документи кои се доставуваат, треба да бидат доставени во оригинален примерок, или како копија заверена кај нотар. Сите документи, освен Решението за одобрение за работа издадено од Агенцијата за храна и ветеринарство и документот издаден од централен регистар на РСМ за регистрирана дејност-ветеринарно здравствена дејност , не треба да се постари од 6 месеци.

Овлластувањето на ветеринарни друштва се врши откако набавувачот ќе ја провери правната, економско-финансиската состојба, како и професионалната способност на апликантот за извршување на активностите.

 

    1. Исклучување од понатамошна постапка

 

Од учество во понатамошна постапка на повикот ќе бидат исклучени апликанти кои:

  •  не ги исполнуваат бараните критериуми од точките2.1 и 2.2 или
  • не ги исполнуваат условите согласно Законот за ветеринарното здравство и Правилник за условите за одобрување на ветеринарна амбуланта, ветеринарна клиника, ветеринарна болница и ветеринарна служба на одгледувалиште („Службен Весник на Република Македонија“ бр.124/18) и Правилникот за условите што треба да ги исполнува ветеринарската служба на одгледувалиште („Службен весник на Република Македонија“ бр. 54/08).

 

  1. Начин на пријавување

 

Целата документација треба да се достави уредно во затворен плик со назнака „НЕ ОТВАРАЈ за јавен повик број 1/2021“. Документацијата се доставува до Агенцијата за храна и ветеринарство на улица III-та Македонска бригада бр. 20, 1000 – Скопје. Доставената документација не се враќа.

Апликациите за интерес треба да се доставуваат во еден оригинален примерок кој треба да биде заверен и потпишан (секоја страница) од страна на одговорното лице на апликантот.

Апликациите кои не се предадени во рокот, како и оние кои не се изготвени според пропозициите на јавниот повик нема да бидат разгледувани.

Отворањето на понудите се врши во присуство на овластените претставници на апликантите, при што секој апликант има право да номинира само по еден претставник на отворањето. Претставникот задолжително треба да има писмено овластување од одговорното лице на правното лице.

Понудите ќе се отвораат на 13.04. 2021 година во 10 часот.

 

  1. Контакт за подетални информации

Тел: 02-2457893 и 02-2457873

Факс: 02-2457893, лок. 141

e-mail: info@fva.gov.mk

 

ОБЈАВА НА ОГЛАСОТ

Ознаки
Категорија