
Денес Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, д-р Оливер Миланов одржа состанок со Здруженијата за заштита на животните.
Целта на состанокот беше запознавање со Националната програма за контрола на популација на кучиња и предлог измените и дополнувањата на Законот за заштита и благосостојба на животните со цел да ги слушнеме сите страни вклучени во процесот и изработка на соодветно законско решение за отворените прашања, особено во делот со бездомните кучиња, непридржување на законските обврски на сопствениците на домашни миленици, како и моменталните пријави за физичко малтретирање и измачување на домашни животни.
Продолжуваме транспарентно да се грижиме и да ги вклучиме сите страни во процесот на креирање на политиките на Агенцијата за храна и ветеринарство.


