Шестотини и седумнаесет вонредни контроли спроведоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пред велигденските празници. Кај 16 оператори со контролите утврдено е дека незадоволителни биле хигиенските барања за безбеднсот на храната и техничките услови во објектите.
Официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведуваат вонредни засилени контроли пред велигденските празници.
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), утрово спроведоа вонреден инспекциски надзор по вчера вечер објавената информација на социјалната мрежа ФБ дека струмичка кланица, преку цевка, директно испушта крв во река.
Постои ли колкава е опасноста по здравјето, особено на младите од прекумерна употреба на додатоци во исхраната, колку протеини е потребно да се внесат дневно за добро здравје, има ли и колкава е опасноста од употребата на енергетски пијалаци и нивната злоупотреба со мешање со алкохол, колку треба да си возрасен за да употребуваш храна наменета за спортисти, што се адитиви во храната?
Како контакт точка на Агенција за безбедност на храната на Европската унија (EFSA), Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) повторно е дел од кампања Safe2Eat насочена кон зголемување на довербата на потрошувачите за безбедноста на храната, во Европската унија (ЕУ) и кај нас.
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги засилија контролите кај операторите со храна кои вршат онлајн – трговија и достава врз основа на телефонските нарачки на граѓаните.
Во насока на почитување на препораките на Владата на Република Северна Македонија за превенција и спречување на ширењето на КОВИД 19 вирусот, Агенцијата за храна и ветеринарство донесе одлука да го намали бројот на директни средби со странки и корисници на услугите на АХВ.
Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) будно ја следи ситуацијата во однос на појавата и ширењето на Корона вирусот (COVID-19) од кој се зафатени голем број земји ширум светот. Во моментов не постојат научни докази дека храната претставува извор или преносител на овој вирус.
Во отсуство на идеи како да ја пополни дневната партиска агенда, во услови кога се преземаат сериозни мерки за спречување на ширење на вирусот Ковит 19, дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, продолжува да ја манипулира и заплашува јавноста.