Агенцијата за храна и ветеринарство известува дека кампањата “Стоп Беснило” во изминатиот период ги даде очекуваните резултати. Со оглед на тоа дека се прибрани доволен број на примероци од кучиња и мачки, Aгенцијата за храна и ветеринарство ги исклучува овие видови животни од кампањата и за нив нема да се врши исплата. Кампањата “Стоп Беснило” продолжува со пријави и исплата на надомест за диви животни, кои може да се пријават или на мобилна апликација достапна на Google play store или на бесплатниот телефонски број 0800 00 210
Категорија