Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

 
ADC-FSS

Во октомври уништени над 57 тони небезбедна храна

13.12.2019

Повеќе од 57 тони небезбедна храна уништиле инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ ) и операторите со храна во октомври годинава. Во рамки на вкупно извршените 5.456 инспекциски надзори (3.766 редовни, 493 вонредни и 1.197 вонредни), за констатираните недоследности изречени биле 871 инспекциски мерки, односно, донесени се 586 решенија, изречени 261 мерка едукација, како и 5 парични казни. Од страна на инспекциските служби на АХВ во октомври изречени биле и 5 прекршочни пријави.

Средношколците со голем интерес за правилната исхрана

06.12.2019
Да водам сметка за тоа како се хранам, значи да се грижам на сопственото здравје, за самиот себе. За жал, не го правиме тоа, иако информациите се достапни за нас. Во ерата на интернетот, делумни се познавањата на нас младите за храна и исхраната, за тоа како здраво и правилно да се храниме, како на најдобар начин да ги задоволиме дневните потреби од храна. Во ова брзо време на живеење, ваквиот тип на едукација и за нас младите е повеќе од потребна” Ова се дел од размислувањата на учениците од неколку средни училишта кои присуствуваа на промоцијата на брошурите за правилна исхрана, труењата со храна и за тоа како да ја читаме и користиме нутритивната табела на етикетите на прехранбените производи, која се одржа во Агенцијата за храна и ветеринарство.

Почна кампањата на АХВ за одговорно сопствеништво

05.12.2019
Секој одговорен сопственик треба да ги микрочипира домашните миленици, а нивното напуштање е казниво со закон. Ова се двете пораки кои од денеска по скопските улици ќе ги пренесува автобусот број „2“ како дел од кампањата за благосостојба на животните што ја спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Автобусот што сообраќа на реалацијата Автокоманда - Сарај е веќе облепен со паролите и така ќе вози низ градот еден месец.

ФАО со позитивна оценка за функционалноста на Планот за итни мерки за африканската свинска чума

28.11.2019
Планот за итни мерки на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за справување со болеста Африканска свинска чума, обезбедува висок степен на заштита и спречување на ширење на болеста, заклучија денес експертите на Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации – ФАО, по завршувањето на дводневната симулациска вежба која се одржа во Беровско, а на која се проверуваше функционалноста на Планот и координираноста на институциите и протокот на информации за да се одговори брзо и правилно, при евентуална појава на болеста.

Ќе се тестира системот за борба против африканска свинска чума

26.11.2019
Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Организацијата за земјоделство и храна  на Обединетите Нации – ФАО, утре и задутре во Берово, во рамки на проектот “Африканска чума кај свињите – подготвеност и брзо постапување”, ќе одржи симулациска (практична) вежба за тестирање на системот на подготвеност во справувањето со оваа болест.
 Соопштенија АРХИВА НА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ  Видео
IPA