Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Институтот за јавно здравје ја спроведоа четвртата (последна) фаза од истражувањето на навиките во исхраната на деца од 1 до 9 годишна возраст. Проектот се спроведува со поддршка на Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) и со него беа опфатени вкупно 1080 дечиња
Почнува сезоната на колење свињи-заштитете се себе си и околината
Во услови на максимално подигнати безбедносни мерки за заштита од појава и ширење на вирусот на болеста африканска свинска чума во нашата земја и интензивирање на активностите на колење на свињи во селските домаќинства, Агенцијата за храна и ветеринарство апелира оваа активност да се изврши крајно внимателно, со преземање на сите безбедносни мерки пред, за време, по колењето, конфекционирањето и подготовката на месото.
Се одбележува Светската недела за рационална употреба на антибиотиците
Од 18 до 24 ноември се одбележува светската недела на свесност за антибиотските средства (World Antibiotic Awareness Week). Целта на оваа кампања е да се подигне свеста за ризиците по здравјето предизвикани од отпорноста кон антибиотици и да се промовираат добри практики, со цел, ограничување на појавата и ширењето на отпорни микроорганизми низ целиот свет.