Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Организацијата на потрошувачите на Македонија и Агенцијата за храна и ветеринарство го издадоа шестиот број на е-билтенот „Потрошувачите и храната“. Билтенот се подготвува и издава во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите за 2018-та година. Во шесттиот број на е- билтенот можете да прочитате како најлесно да најдете органска храна во Република Северна Македонија со помош на апликацијата Органски свет.
ЕФСА подготви едукативен анимиран филм за Африканска чума кај свињите
Европската агенција за безбедност на храна - ЕФСА, подготви едукативен анимиран филм со практични совети за препознавање на симптомите болеста Африканска свинска чума, за превентивните мерки кои треба да се преземат со цел спречување на нејзина појава и ширење, за симптомите по кои болеста може да се препознае.
Македонија прв пат ќе тестира има ли храна третирана со јонизирачко зрачење
Агенцијата за храна и ветеринарство, за прв пат, ќе врши испитувања дали на македонскиот пазар има храна третирана со јонизирачко зрачење, согласно Мониторинг програма за безбедност на храна. Испитувањата ќе се вршат во Интегрираната лабораторија за примена на јонизирачки зрачења при Факултетот за електротехника и информациски технологии.
Се зајакнуваат биосигурносните мерки на свињарските фарми
Се зајакнуваат биосигурносните мерки на фармите со свињи во државава, а паралелно се спроведува и процесот на нивно категоризирање со цел утврдување на степенот на ризик и проценка дали и колку се спроведуваат мерките за здравствена заштита и благосостојба на животните. Ова го најави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов при посетата на свињарската фарма ,,Агро софт,, од Велес, потенцирајќи дека ова е 78 категоризирана фарма за одгледување на свињи од евидентираните 90 со последниот попис кој го спроведе Агенцијата.
Науката, институциите и операторите со храна дебатираа за ГМО
Од генетски модифицираните организми регистрирани во светски рамки, досега не е евидентиран ниту еден штетен случај врз здравјето на луѓето, рече денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов на трибината „ГМО, ГМО-Храна И ГМО-храна за исхрана на животни“, која ја организираше Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Македонија во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство.