Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

АХВ изврши вонредна инспекциска контрола во Гевгелија

27.09.2019
Извршена вонредна инспекциска контрола во Гевгелија

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство на 20.09.2019 година во Гевгелија, спроведоа вонредна  контрола кај 5 оператори со храна – 4 маркети и 1 месарница.

 

 

Поради констатирани недоследности (затекнати производи без означување, препакување на производи во маркет без одобрение за таква активност, неизвршени здравствени прегледи на вработените и друго), од страна на инспекциските служби донесени се 4 решенија за отстранување на констатираните недоследности и изречени се 4 прекршочни мерки за плаќање на парични казни.

 

Како небезбедни, поништени се 73,5килограми храна од животинско потекло.

Ознаки
Категорија