Престанува вакцинацијата на свињите против класична чума
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), од денес ја прекинува вакцинацијата на свињите против болеста класична свинска чума, како дел од сетот превентивни активности, кои ги презеде во изминативе две години, со цел создавање услови за добивање на дозвола за извоз на домашно свежо свинско месо на европскиот и светскиот пазар, каде расте и побарувачката и цената на овој тип месо.