Стратешки и Годишен план

Стратешки план

Стратешки план на АХВ е документ кој се однесува на плански период од три години и ги опфаќа сите аспекти на организација на работа, вклучувајќи ги и следните компоненти: мисија, визија, приоритети, цели, програми, активности и план за имплементација. Стратешкиот план е тесно поврзан со процесот на буџетско планирање и извршување за период од три години и претставува значаен инструмент на планирање и следење на спроведувањето на програмите.

 

 

 

Годишен план

Со Годишниот план за работа се операционализираат мерките и активностите содржани во програмите и потпрограмите на стратешкиот план. Во Годишниот план за работа на АХВ се вклучени иницијативите кои ќе бидат содржани во Годишната програма за работа на Владата на Република Северна Македонија, согласно утврденото ниво на приоритет, временскиот рок и обврските кои произлегуваат од тековното работење.