Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Во сабота во Градски парк АХВ ќе го одбележи Светскиот ден на борба против беснило

26.09.2019
Во сабота во Градски парк АХВ ќе го одбележи Светскиот ден на борба против беснило

Агенцијата за храна и ветеринарство и годинава се вклучи во глобалното одбележување на Светскиот  ден на борба против беснило - 28 септември, кој ќе се одбележи под мотото “Беснилото завршува овде”. Неделава, стручни лица од Агенцијата за храна и ветеринарство и Факултетот за ветеринарна медицина одржаа едукативен час за одговорно сопствеништво и опасноста и борбата против болеста беснило за стотина дечиња од детската градинка “Чекорче” и дел од петтодделенците од основното училиште “Браќа Миладиновци”.

Во рамки на годинешната кампања, во  соработка со Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, ветеринарните друштва, веледрогериите, во сабота, од 11.30 до 13.30 часот кај Школка во Градски парк, Агенцијата ќе организира промотивно - едукативен настан за граѓаните за подигнување на јавната свест за превенција и опасност од болеста беснило. 

На настанот пред Школка, ветеринарните друштва ќе даваат совети за исхрана и здравствена заштита на домашните миленици, со акцент на почитување на законската обврска за вакцинација на милениците против беснило и нивно идентификување и обележување со микрочип. Најмладите, ќе творат во детското ликовно катче, а децата кои имаат миленици ќе можат да земат учество во Шоуто за домашни миленици. 

Агенцијата за храна и ветеринарство ги поканува граѓаните и сопствениците на миленици да го посетат промотивно – едукативниот настан кој ќе се одржи во сабота и активно да се вклучат во годинешното одбележување на 28 септември, Светски ден на борба против беснило. 

Агенцијата за храна и ветеринарство и годинава се вклучи во глобалното одбележување на Светскиот  ден на борба против беснило - 28 септември, кој ќе се одбележи под мотото “Беснилото завршува овде”.


 

Ознаки
Категорија