Микрочипирање на домашни миленици

Согласно одредбите на Законот за заштита и благоостојба на животите Сопствениците на кучиња и мачки имаат обврска да го идентификуваат и регистрираат својот домашен миленик.

 

Што е микрочип и која е неговата улога?

Микрочипот се аплицира поткожно од страна на ветеринар а податоците за животното и сопственикот се внесуваат во базата на податоци-Идентификациониот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство-ИСАХВ. Микрочипот е со големина на зрно ориз и има единствен број каде што првите бројки го претставуваат кодот на државата. Доколку микрочипирано животно се изгуби, многу полесно може да се пронајде неговиот сопственик.

 

Кои се обврските на сопствениците на домашни миленици?

Сопствениците имаат обврска да го пријават секое движење на миленикот  (доколку тој  се изгуби, го дадат на друг соственик или ако угине) кај својот матичен ветеринар. Исто така, сопствениците кои ги користат своите миленици за репродукција имаат обврска да го пријават леглото од кај својот матичен ветеринар, да ги микрочипираат и регистрираат кученцата пред да ги вдомат, како и да ги пријават лицата кои ги вдомиле.

 

Каде може да се микрочипираат милениците?

Агенцијата за храна и ветеринарство обезбеди 100 000 микрочипови за домашни миленици кои се бесплатни за сопствениците до 31.12.2019 година. Микрочипирањето се врши во секоја ветеринарна амбуланта на територијата на државата. После истекот на овој период, микрочиповите ќе се наплаќаат (пазарната цена на еден микрочип е околу 800 денари), а Агенцијата за храна и ветеринарство и другите инспекциски служби ќе вршат зајакната контрола и ќе ги санкционираат сопствениците кои не го идентификувале својот домашен миленик со микрочип.

До овој момент во ИСАХВ регистрирани се 72156 домашни миленици од кои 69234 кучиња, 2921 мачки и 1 ласица.

 


 

 

Видео маркетинг