EU RASFF

Согласно член 36 од Законот за безбедност на храната, Агенцијата за храна и ветеринарство претставува контакт точка за ЕУ RASFF системот. Овој систем претставува алатка за ефикасна размена на податоци креирана помеѓу авторитетите за безбедност на храна на европско ниво, ЕК, ЕFSA, ЕFTA, како и трети земји, со цел минимизирање на ризиците поврзани со безбедноста на храната.

Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (RASFF) е воспоставен за да им обезбеди на органите за контрола на храната и храната за животни ефективна алатка за размена на информации за преземените мерки за одговор на сериозни ризици откриени во врска со храната или храната за животни. Оваа размена на информации им помага на сите учесници во контролата на безбедноста на храната и храната за животни да дејствуваат побрзо и на координиран начин како одговор на лоцирана здравствената закана предизвикана од небезбедна храна или храна за животни.

Одделението за комуникација со ризик и RASFF прави пубилкувани известувања кои ги превзема од ЕУ RASFF системот, ги обработува, ги доставуваат до инспекторите од Секторот за инспекциски надзор за постапување по овие информации и превземање на активности за идентификување на ризици во храната и храната за животни.

Обработените неделни прегледи се презентирани на следнава страна.

http://ec.europa.eu/food/food/rapidalert/index_en.htm