Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Соопштение

Заштитете ги и животните од поплави

02.04.2015

Имајќи ја во предвид состојбата со поплавите на територија на Република Северна Македонија, Агенцијата за храна и ветеринарство подготви препораки до сопствениците и одгледувачите на животни во поглед на заштитата и благосостојбата на животните.

-Без разлика дали се работи за домашен миленик или за домашни животни, сопствениците и одгледувачите имаат должност да бидат подготвени во случај на елементарна непогода и да водат сметка за заштитата и благосостојбата на животните.

Препораки до населението во поплавените региони

02.03.2015
Доколку водоснабдувањето се врши од индивидуални водоводни објекти, каде е видливо заматување на водата, истата да не се користи за пиење и за готвење, се до санирање на состојбата и до добивање на лабораториска потврда дека водата е безбедна.

Потенцијални опасности и болести кај животните по поплавите

17.02.2015

Тетанус - болест на која се подложни сите животни, но, посебно коњите, овците и козите. Животните кои имаат рани истите треба да се третираат и да се вакцинираат.

Ботулизам - Токсинот на Cl. Botulinum се размножува во распаднати лешови или во зеленчукот и може да го загади изворот на водата. Посебно чувствителни на оваа болест се коњите и птиците. Карактеристична клиничка слика е појава на парализа, а болеста започнува со слабост и потешкотии во земањето и голтањето на храната. Превентива е спречување на распаѓање на лешови и зеленчук.

Совети за заштита на животните по поплави

17.02.2015
Обезбедете им безбедна храна.*Храната која била зафатена од поплавата отстранете ја и фрлете ја.

*Намокрената храна често мувлосува и може да предизвика здравствени проблеми кај помладите и кај гравидните животни.

Објавена информативно-едукативна брошура за болеста Син јазик

08.08.2014
Агенцијата за храна и ветеринарство подготви информативно-едукативна брошура за болеста Син јазик.Во брошурата се презентирани основите за тоа за каква болест станува збор, каде е распространета, како се пренесува, има ли и кој е ризикот по здравјето на луѓето, кои се клиничките знаци на болста, како и препораки за тоа што треба да се преземе за превенција и нејзина контрола.

Список на ветеринарни друштва кои ќе вршат бесплатно микрочипирање на домашните миленици

31.08.2008
Во соработка со ветеринарната комора на Република Северна Македонија и ветеринарните друштва, од утре, Агенцијата за храна и ветеринарство почнува со реализација на кампањата за бесплатно микрочипирање на домашните миленици за што се набавени 100 илјади микрочипови. Акцијата, според планираното треба да се спроведе заклучно со 31 март 2019 година, а ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“ , односно до целосно искористување на набавената количина од микрочипови. Во кампањата за бесплатно микрочипирање на домашните миленици вклучени се 143 ветеринарни друштва, со кои Агенцијата за храна и ветеринарство склучи договори за реализирање на оваа активност.