Национална конференција за подигнување на свеста за работата на ЕФСА

06.09.2019
Национална конференција за подигнување на свеста за работата на ЕФСА


Денеска, во Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство на Р.С.М. беше домаќин на првата национална конференција за подигнување на свеста за ЕФСА и за можностите за соработка во процесот на проценка на ризик.

Предавачи од Европската агенција за безбедност на храна, националните фокални точки на ЕФСА од земји членки на ЕУ и 80тина претставници на националните релевантни институции присуствуваа на настанот на тема: “Можности и предизвици при проценка на ризик во земјите членки на Европската унија и земјите кои користат претпристапни фондови на Европската унија”.

Во своето обраќање, директорот Зоран Атанасов најпрво ја искажа својата благодарност до националните контакт точки на ЕФСА од земјите членки на ЕУ за прифаќање на поканата за учество на конференцијата, споделување на искуствата и охрабрувањето за соработка помеѓу земјите.

 

efsa2

 

“ Конференцијата беше организирана за да придонесе во соработката на релавнтните институции и ЕФСА, со цел заштита на здравјето на луѓето и животната средина и постигнување  оптимални резултати во областа на ветеринарната политика, безбедноста на храната и фитосанитарна политика“

истакна Атанасов, и потсети дека Агенцијата за храна и ветеринарство силно се залага во следење на светските и европски трендови од областа за безбедност на храната и даде безрезервна поддршка на можностите за земјите кориснички на претпристапни ЕУ фондови.

Во насока на разгледување на можностите за воспоставување на професионална научна мрежа помеѓу земјите во регионот, но и со земјите членки на Европската унија, Конференцијата ги опфати следните теми:

  • Можности и предизвици во проценката на ризик од аспект на ЕФСА,
  • Достапни платформи за истражувачи,
  • Инволвираност на институциите од земјите кориснички на претпристапни ЕУ фондови во активностите кои се опфатени со работата и делувањето на ЕФСА,
  • Досегашна и понатамошна соработка помеѓу ЕФСА и земјите кориснички на претпристапни ЕУ фондови,
  • Можности за воспоставување научни и истражувачки мрежи помеѓу земјите кориснички на претпристапни ЕУ фондови и земјите членки на Европската унија.

 

3

 

Настаните како овој ќе придонесат за зајакнување на досегашната и понатамошната соработка помеѓу ЕФСА и земјите кориснички на претпристапни ЕУ фондови, можностите и предизвиците во проценките на ризик и ќе овозможат поголема инволвираност на институциите, едногласни беа европските експерти, директорот Зоран Атанасов и сите присутни со желба ваквите настани да станат редовна пракса и заедничка придобивка за регионот.

 

 

 

Ознаки
Категорија