Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Одделение за следење на измами со храна

Иако не постои усогасена дефиниција ниту во законските акти во Република Серверна Македонија ниту на ниво на ЕУ, сепак постои општо прифатен поим дека измамите со храна се однесуваат на намерно прекршување на Законот за безбедност на храната за да се оствари финансиска добивка преку измама на потрошувачите. Агенцијата за храна и ветеринарство има цел да обезбеди постоење на највисоките стандарди за безбедност на храната. Сите активностите во Одделението за следење на измами со храна  се  планираат и реализираат  со цел унапредување на политиката за заштита на интересите на потрошувачите и  зголемување на довербата на граѓаните а во исто време и заштита на операторите со храна кои работат согласно законските барања.

Како резултат на постојано следење на трендовите и  на  пазарите  со храна во  РСМ и како резултат на меѓусекторска координација се подготвуваат планирани контрoли кои се однесуваат на одреден тип на храна или  тип на производство. Паралелно се постапува по доспеани писмени, усмени или електроски пријави во однос на измамнички практики, а доколку се појави сомнеж за нерегуларноси или неправилности, веднаш се отпочнува истрага за случајот.

Придобивките од постапувањата се со цел повисоко ниво на заштита на потрошувачите од измами со храна и спречување на можноста да бидат доведени во заблуда, затоа што потрошувачите имаат право да направат правилен избор . Одделението за следење на измами со храна го организира вршењето на истраги за измами во делот на храната, ја утврдува фактичката состојба и околностите во текот на истрагите за измами во делот на храната и ги превзема на сите неопходни мерки и активности од инспекциската постапка. Со цел унапредување на постапките изготвува предлози за донесување на нови и измена на постојните прописи, стандарди, прирачници и упатства од аспект на измами во делот на храната.

Агенцијата за храна и ветеринарство преку Одделението за следење на измами со храна се грижи за навремено анулирање на детектираните недоследности од извршените истраги за измами во делот на храната, учествува и координира активности во делот на истраги за измами во делот на храната со други инволвирани институции доколку е потребно. Кон секоја информација, индикација или сомнеж за измамничка пракса која се однесува на нерегуларност или неправилност сериозно се пристапува со анализа и проценка за откривање на измамите и адултерациите на храната и храната за животни и ако додадена вредност на регуларните инспекциски надзори се стремиме кон зголемување на ефективноста и ефикасноста на Агенцијата за храна и ветеринарство, повисоко ниво на заштита на потрошувачите , спречување на нелојална конкуренција и индирекно, зајакнување на економијата.