Стандарди

Стандард ИСО 9001 : 2015

Системското управување со квалитетот во Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија е стратешка определба на Агенцијата, која во изминатите четири години, придонесе да се подобри ефикасноста и ефективноста на работењето се со цел да бидат задоволени потребите и очекувањата на бизнис операторите и на граѓаните, кои се корисници на нашите услуги.

По имплементацијата на ISO 9001:2015, придобивките од воведувањето на ИСО стандардот во работењето се од големо значење за Агенцијата, бидејќи тоа придонесе институцијата да добие додадена вредност во однос на квалитетот на услугите што ги нуди.

Во 2017 година, фокусот се стави и на транзиција на Системот за квалитет на АХВ, и неговото усогласување со барањата на новиот стандард ИСО 9001 : 2015,  со цел да се воспостави управување на процеси преку утврдени ризици. Во 2018 година, Агенцијата за храна и ветеринарство, стана прва државна институција која го доби сертификатот за квалитет ИСО 9001:2015.

По воведувањето на стандардот ИСО 9001:2015 во работењето,  Агенцијата за храна и ветеринарство уште повеќе да  го зацврсти своето реноме како институција која гарантира безбедна и квалитетна храна за луѓето, безбедна храна за животните, дека се добиваат квалитетни услуги и дека се грижи за здравствената заштита и благосостојбата на животните.

 

Менаџер за квалитет

Контакт:Радмила Јовановиќ Николовска (државен советник)
Тел:+389 2 2457 895 ext.185