Сектор за здравствена заштита и благосостојба на животни

Секторот за здравствена заштита и благосостојба на животните го координира работењето на Одделението за здравствена заштита на животните, Одделението за благосостојба на животните, Одделението за идентификација и регистрација на животните и Одделението за планови за итни мерки и учествува во изготвување на закони и подзаконски акти, програми и други акти од областа на ветеринарството, подготвува анализи, информации за состојбата со здравствената заштита на животните, организира и остварува соработки со други надлежни органи и сектори.
 

1.1 Одделението за здравствена заштита на животните, ги врши следните работи:

  • ја следи состојбата со болестите кај животните во Република Северна Македонија;
  • подготвува програми за контрола/ерадикација на болести кај животните;
  • подготвува извештаи за здравствената состојба кај животите;
  • го одржува Националниот епизоотиолошки информативен систем и другите бази на податоци за здравствена заштита на животните;
  • ја следи состојбата со заразни болести во светот;
  • изработува законски и подзаконски акти од областа на здравствената заштитана животните;
  • врши проверка на фактурите доставени од ветеринарните друштва кои ги спроведуваат програмите и мерките за здравствена заштита на животните;
  • води евиденција и регистар на ветеринарни друштва;
  • комуницира со меѓународните организации од областа на здравствената заштита (ОИЕ, ФАО, Европскиот парламент во Стразбур, итн).

 


 

1.2 Одделението за благосостојба на животните, ги врши следните работи:

  • ја следи состојбата со благосостојбата кај животните во Република Северна Македонија;
  • подготвува планови за унапредување на благосостојбата на животните;
  • подготвува извештаи за благосостојбата кај животите;
  • подготвува подзаконски акти во врска со благостостојбата кај животните;
  • учествува во подготовка на законски и подзаконски акти од областа наблагосостојбата на животните;
  • врши проверка на фактурите за извршени активности во врска со благосостојбата на животните;
  • комуницира со меѓународните организации во врска со благостостојба на животните (ОИЕ, ФАО, Европскиот парламент во Стразбур, итн).

 


 

1.3 Одделението за идентификација и регистрација на животните, ги врши следниве работи:

  • идентификација и регистрација на животните;
  • регистрација на одгледувалиштата на животни и редовно ажурирање на податоците од Централниот регистар на одгледувалишта;
  • изготвува планови за унапредување на системот за идентификација и регистрација на животните;
  • врши контрола на работата на кланиците во делот за ИиР, дава помош и консултации воврска со нивните задолженија и задачи;
  • ја следи работата на добиточните пазари во делот за ИиР, дава консултации и техничка помош;
  • дава логистичка поддршка, техничка помош и обука на ветеринарните станици, кланиците, одгледувачите и другите засегнати страни;
  • подготовува и издава индивидуални документи за движење на животните и контрола на нивната испорака;
  • врши администрирање на централната база на податоци, контрола на целата база на податоци за непречено одвивање на процесот на внесување на податоците во базата;
  • организира надзор на спроведувањето на контролата на одгледувалиштатана животни во однос на ИиР на територијата на Република Северна Македонија.

 


 

1.4 Одделението за планови за итни мерки, ги врши следните работи:

  • ја следи состојбата со пропишаните болести кај животните во Република Северна Македонија;
  • подготвува планови за итни мерки, вклучително стандардни оперативни постапки, работни насоки и инструкции, формулари, итн. за пропишаните болести кај животните;
  • одржува целосна подготвеност за спроведување на плановите за итни мерки;
  • планира и организира спроведување на симулациони вежби;
  • подготвува извештаи за здравствената состојба кај животните;
  • го одржува Националниот епизоотиолошки информативен систем и другите бази на податоци за здравствената заштита на животните;
  • ја следи состојбата со пропишаните заразни болести во светот;
  • подготвува законски и подзаконски акти од областа на здравствената заштитана животните од пропишаните болести;
  • врши проверка на фактурите поднесени во рамки на спроведување на плановите за итни мерки;
  • води евиденција и проверка на документацијата за надомест на штета во рамки на спроведувањето на плановите за итни мерки;
  • комуницира со релевантните институции во Република Северна Македонија со надлежност за вонредни состојби;
  • комуницира со меѓународните организации од областа на здравствената заштита.