MK RASFF

Согласно членот 36, точка 2 од Законот за безбедност на храната, Агенцијата за храна и ветеринарство ги координира субјектите вклучени во системот за брзо известување и размена на информации поврзани со небезбедна храна и храна за животни. За таа цел АХВ воспостави свој национален систем МК RASFFсистем. Овој систем ќе обезбеди брз проток на информации внатре во системот на службени контроли, како и брзо и навремено преземање на потребните контролни активности и/или мерки. Комуникацијата и размената на податоци се одвива преку електронска пошта.

На следнава страна можете да пристапите на MK RASFF системот.