BTSF

Подобра обука за побезбедна храна -Better Training for Safer Food (BTSF)

Во глобалниот свет со огромен обем на трговија со храна, вистински предизвик е да се одговори и да се постигне усогласеност со правилата за безбедност на храната кои секојдневно се надополнуваат и надградуваат. За правилно спроведување на пропишаните правила потребна обука која е прилагодена кон измената на законодавството на ЕУ.
Водена од оваа идеја, Европската комисија под покровителство на Генералниот Директорат за Здравје и Потрошувачи, во 2006 година ја промовира иницијативата Better Training for Safer Food (BTSF), врз основа на Регулативата (EК) Бр. 882/2004 за официјални контроли кои се вршат со цел да се верификува усогласеноста со законот за храна, законот за храната за животни, правилата за здравствена заштита и благосостојба на животните.
Целта на BTSF програмата е да се воспостави стратегија за обуки наменети за надлежните органи на земјите членки вклучени во официјалните контроли, со цел да се обезбеди високо-квалитетна едукација за да се верификува дека официјалните контроли се спроведуваат на униформен, објективен и соодветен начин во сите земји членки, да се обезбеди поголема ефикасност при спроведувањето на официјалните контроли како и да се верификува усогласеноста на прехранбената индустрија со законодавството на ЕУ во однос на безбедност на храната, ветеринарната и фито-санитарната политика. 
Оваа програма за обуки исто така има важна улога за третите земји и особено земјите во развој со цел надлежните органи кои се вклучени во вршење на официјални контроли од областа на законот за храна, законот за храна за животни, правилата за здравствена заштита и благосостојба на животните како и правилата за здравствена заштита на растенијата, да се запознаат со барањата на ЕУ за увоз, што ќе овозможи полесен пристап на нивните производи и поголема конкурентност на пазарот на Европската унија.
Ефикасното и хармонизирано спроведување на официјалните контроли претставува клучен фактор во процесот на одржување високо ниво на заштита на потрошувачите, здравствена заштита на животните и заштита на здравјето на растенијата. 
 

Главна цел на оваа иницијатива е организација и развој на стратегијата за обука на Европската унија со цел:
• да се обезбеди и одржи високо ниво на заштита на потрошувачите и здравствената заштита и благосостојба на животните и заштита на здравјето на растенијата,
• промовирање на хармонизиран пристап при спроведување на системите за контрола,
• создавање еднакви можности за сите оператори со храна,
• подобрување на трговијата со безбедна храна,
•  обезбедување фер трговија со третите земји и земјите во развој.


Согласно надлежностите на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија – контрола на безбедност на храната и храната за животни, здравствената заштита и благосостојбата на животните, ветеринарно јавно здравство и контрола на лабораториите кои даваат поддршка за потребите на институцијата – истата започнувајќи од 2007 година е национална контакт точка за специјализираните обуки во организација на Генералниот директорат на Европската комисија за “Здравје и потрошувачи” DG SANTE, согласно програмата “Better training for safer food”.

Повеќе информации за БТСФ може да најдете на следниот линк: https://ec.europa.eu/food/safety/btsf_en

Во рамките на програмата BTSF за 2018 година, Агенцијата за храна и ветеринарство и останатите институции во Република Северна Македонија кои се надлежни за прашања од областа на безбедност на храна, ветеринарна и фито-санитарна политика, имаат покана за учество на обуки во странство во следниве тематски области:

Име на обуката:

  1. Control of contaminants in food and feed
  2. Preparedness and management of foodborne outbreaks
  3. Animal nutrition
  4. Food hygiene at primary production
  5. Protected designations schemes- market controls
  6. Plant health surveys
  7. Wood packaging materials
  8. Surveillance and outbreak management (Agriculture and horticulture)
  9. Surveillance and outbreak management (Forestry and environment)
  10. Organic farming scheme
  11. Use of TRACES systems
  12. Prevention and control of antimicrobial resistance (AMR) in the context of an overall "one health" approach to prevent and control of infections and reducing antimicrobial resistance
  13. EU rules on general food labeling and claims as well as on specific categories of food such as food supplements, food with added vitamins and minerals and food for specific groups of the population
  14. Movement of dogs and cats
  15. Lumpy skin disease