Мерењето на задоволството на корисниците на услуги претставува корисна алатка во стратешкиот пристап кон континуирано подобрување во работењето на сите организациски единици на АХВ, во насока на исполнување на барањата на корисниците на услуги.
Согласно барањата на стандардот ISO 9001:2015, во АХВ се врши мерење на задоволството на корисниците на услуги како дел од вреднувањата на перформансите на Системот за менаџмент со квалитет, со цел да се утврди дали организацијата ги исполнила барањата на корисниците на услуги. Активноста се спроведува преку пополнување на Анкетен лист за корисниците на услуги на АХВ. Добиените податоци се собираат секој месец во текот на цела година, се евалуираат и врз основа на тоа на крајот на годината се изработува детална Анализа за мерење на задоволството на корисниците на услуги.
Врз основа на мерењето на задоволството на корисниците на услугите, во АХВ се носат понатамошни одлуки за континуирано подобрување кои се интегрираат во стратешките цели и годишните планови за работа на АХВ.
Анкетен лист за корисниците на услуги на АХВ [врска]
- 2023 Јануари-декември, 2023 - Анализа на задоволството на корисникот на услуги [врска]
- 2022 Јануари-декември, 2022 - Анализа на задоволството на корисникот на услуги [врска]
- 2021 Јануари-декември, 2021 - Анализа на задоволството на корисникот на услуги [врска]
- 2020 Јануари-декември, 2020 - Анализа на задоволството на корисникот на услуги [врска]
- 2019 Јануари-декември, 2019 - Анализа на задоволството на корисникот на услуги [врска]
- 2018 Јануари-декември, 2018 - Анализа на задоволството на корисникот на услуги [врска]
- 2017 Јануари-декември, 2017 - Анализа на задоволството на корисникот на услуги [врска]
- 2016 Јануари-декември, 2016 - Анализа на задоволството на корисникот на услуги [врска]
- 2015 Јануари-октомври, 2015 - Анализа на задоволството на корисникот на услуги [врска]
- 2014 Септември-ноември - Анализа на задоволството на корисникот на услуги [врска]
- 2014 Јули-август - Анализа на задоволството на корисникот на услуги [врска]