
Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски, денес и утре, во Подгорица, Република Црна Гора, на покана на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Црна Гора, учествува на конференцијата “Предизвиците на безбедноста и сигурноста на храната во југоисточна Европа”.
АХВ и МВР спречија нелегална трговија со свињи
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР), на подрачјата на општините Крива Паланка и Радовиш, во неколку наврати, спречија нелегална трговија со свињи, спротивно на донесените решенија и воведените заштитни и контролни мерки за спречување на појава и ширење на болеста африканска чума кај свињите.
АХВ и Ветеринарната комора ја потпишаа првата Методологија за утврдување на цените на ветеринарните услуги од јавен интерес
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски и извршниот директор на Ветеринарната комона на Северна македонија Томислав Николовски, денес, во рамки на 27 Годишно собрание на Комората ја потпишаа Методологијата за утврдување на цените активностите од јавен интерес од областа на здравствената заштита на животните.