Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Се засилуваат инспекциските контроли пред новогодишните празници, пакетчињата за деца под посебен мониторинг

11.12.2024
Агенција за храна и ветеринарство

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство почнува со спроведување на засилени, вонредни контроли кај операторите со храна. Со цел заштита на здравјето на најмладата популација потрошувачи – децата, акцент со контролите ставен ќе се стави на новогодишните пакетчиња и нивната безбедност. 

Како одговорна институција за безбедноста на храната, заштита на здравјето на граѓаните и нивните права како потрошувачи, АХВ апелира до операторите со храна да бидат одговорни компании и да не се обидуваат да манипулираат со потрошувачите, особено со новогодишните пакетчиња, во збирното пакување подметнувајќи и небезбедни производи, најчесто со поминат рок на употреба. За ваквите недоследности, граѓаните веќе алармираат до Агенцијата.

Со засилените контроли кај операторите со храна ќе се  утврдува исполнетоста на општите и посебните услови за безбедност на храната, акцент ќе се стави на означувањето, особено на трајноста на производите и заштита на потрошувачите од измама.

Како одговорна институција апелираме и до граѓаните да бидат одговорни купувачи и храна да купуваат од регистрирани/одобрени објекти кои се под контрола на инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство. 

Секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, граѓаните можат да ја пријават во Агенцијата, лично, телефонски на бесплатниот телефонски број 0800  3  22  22, или електронски на info@fva.gov.mk

Ознаки
Категорија