Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Oд пазарот повлекува небезбедна серија од органски БИО сок од јаболко од брендот ХИПП
Врз основа на нотификацијата која преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја доби вчера во доцните попладневни часови, утрово, врз основи на извршена вонредна инспекциска контрола, на компанијата увозник и издаде решение и забрани пуштање во промет на небезбеден производ - Органски био сок од јаболко, во пакување од 0,2 литри, со лот А98967,од брендот HIPP, со рок на траење 31.10.2023 година.
Одржан првиот состанок на Координативното тело за справување со африканската чума кај свињите
Во својство на претседател, денес, во Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство (МЗШВ), директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски, ја одржа првата седница со членовите на Координативно тело за подобрување на институционалната координација и преземање на мерки за справување со африканската чума кај свињите, кое беше формирано со одлука на Владата на Република Северна Македонија.
Досега регистрирани вкупно шест случаи на африканска свинска чума
Од 6 јануари годинава кога во делчевското село Драмче прв пат беше регистрирана појава на африканска свинска чума во земјава, до вчера се констатирани нови случаи и во Моштица, Мојанци, Пресека, Тркање и Виничка Кршла, соопшти денешната прес конференција директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски.