
Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари
Јакнење на националните капацитети во областа на проценка на ризик за безбедноста на храната и подобрување на алатките за репортирање на националните податоци од спроведувањето на мониторинг програмите, во насока на поддршка на земјите во процесот на усогласување на националните, со системот на Европската унија, со цел обезбедување унифицирани, квалитативни и квантитативни податоци.
АХВ доби позитивна оценка од сертификационо тело QualityAustria за квалитетот на услугите
Позитивни оценки од страна на сертификациското тело MQS, регионален парнер на австриското национално сертификационо тело QualityAustria за Република Северна Македонија за функционалноста на документираниот Систем за квалитет, неговата усогласеност со барањата на стандардот за квалитет ISO 9001:2015 и примената во пракса.
АХВ учесник на билатералниот скрининг со ЕУ за Поглавјето 3 - „Право на основање и слобода на давање услуги“
Стручен тим од Агенцијата за храна и ветеринарство, од 23 до 24 јануари, во Брисел, Белгија, беа дел од делегацијата на Република Северна Македонија која учествуваше на состаноците во рамки на билатералниот скрининг со Еворопската унија (ЕУ) за Поглавјето 3 - „Право на основање и слобода на давање услуги“.