Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Изречени 23 парични казни на продавници за храна

06.12.2024
Агенција за храна и ветеринарство

Сто деведесет и два (192) вонредни надзори во малопродажни објекти - мини маркети и продавници за храна, спроведоа минатата недела инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство ( АХВ). Контролирана беше исполнетоста на хигиенските барања за безбедност на храната, здравствени барања за вработените лица, температурниот режим на чување на храната, како и дефинираните рокови на трајност на производите. 

 

Со контролите утврдено е дека 12 од нив воопшто не биле регистрирани во Агенцијата како оператори со храна, во 9 објекти вработените лица немале извршено задолжителни здравствени прегледи, кај исто толкав број оператори,  не задоволувале хигиенските барања за безбедност на храната. 

За утврдените недостатоци, издадени се вкупно 30 решенија со наредени мерки за нивно отстранување, а изречени се и 23 парични казни.
Уништени се триесеттина килограми небезбедни производи (замрзнато месо, млечни производи, преработки од месо) и над 66 литри јогурт.
 

Ознаки
Категорија