Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Соопштение

Демант

12.08.2019
Собирање  на ситни политички поени преку злоупотреба  на народот и непотребно кревање на паника е  денешната прес - конференција на Цветан Трипуновски од Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, партија која и овој пат, во недостиг на идеи како да го ,,анимира,, народот, ја манипулира јавноста, непотребно се обидува да влее страв преку лиферување на лажни информации.

Сточарите бараат забрана за одгледување свињи на фармите каде не се воведени биосигурносни мерки

08.08.2019
Да се најде законско решение за воведување на забрана за чување на свињи на одгледувалишта кои немаат воспоставено соодветни биосигурносни мерки со цел спречување на појава и ширење на болести кај животните, вклучително и на африканската свинска чума, за која алармот за опасност од појава и на институциите и на одгледувачите е дигнат на највисоко ниво.

Безбедносните мерки против африканската чума дигнати на највисоко ниво

07.08.2019
Иако мерките против африканска свинска чума се на највисоко ниво, не е исклучена можноста од појава на болеста во земјава, заклучија ветеринарите на денешниот координативен состанок. Државата, како што оценија, е максимално подготвена да се справи со ризиците зашто во континуитет постапува согласно меѓународните стандарди и практики.

Препораки за заштита од високи температури

06.08.2019
Новото најавено зголемување на дневните температури, кои според метеоролозите во одредени региони ќе надминат 40 степени Целзиусови, ги зголемуваат ризиците од појава на труење со храна. Високите температури претставуваат потенцијална опасност и за здравјето на животните доколку за нив, навреме не се преземат мерки за обезбедување на доволни количини безбедна храна и вода за пиење.

Во јуни спроведени 4536 инспекциски контроли

31.07.2019
Вкупно 4536 инспекциски надзори од кои 3389 редовни, 316 контролни и 831 вонредни, спроведоа инспекторите за храна и официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство во јуни годинава.

МЗШВ донесе Решение со кое се одобрува отстрел на дивите свињи

30.07.2019
Поради опасност од болеста „африканска чума“, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопантсво донесе Решение со кое се одобрува отстрел на дивите свињи во земјава. Како што соопшти на денешната прес конференција министерот за земјоделство, шумарство и водстопанство Трајан Димковски, со оваа превентивна мерка почнува и ловната сезона, 60 дена пред рокот утврден со закон.

Набавена опрема и инструменти за подобра подготвеност и ефикасност

30.07.2019
Во рамки на активностите за подигнување на нивото на безбедносни мерки со цел спречување на појава и ширење на  заразни болести кај животните, вклучително и на африканската свинска чума која е веќе присутна во соседна Бугарија, во Романија, Унгарија и голем број европски земји, Агенцијата за храна и ветеринарство набави опрема и инструменти  за подобра подготвеност и ефикасност во случај на појава на особено опасни заразни болести кај животните.

Во земјава нема „африканска свинска чума“, да не се внесува храна од животинско потекло

24.07.2019
Во земјава нема „африканска чума“, ниту кај свињите на комерцијалните фарми, ниту кај популацијата диви свињи, соопшти денес на прес конференција директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов.

Во Мај спроведени 5.534 инспекциски контроли

05.07.2019

Повеќе од 7 тони небезбедна храна од животинско и неживотинско потекло уништиле инспекторите за храна, официјалните ветеринари и операторите со храна во мај годинава. Во внатрешниот промет, во истиот временски период спроведени се вкупно 5.534 инспекциски контроли, од нив 4.035 редовни, 528 контролни и 971 вонредна инспекциска контрола.

Одржан петтиот состанок на Националниот совет за безбедност на храна

28.06.2019
Без последици по здравјето, возрасните лица може да консумираат најмногу два енергетски пијалаци дневно. Ризик по здравјето постои доколку овој, на пазарот релативно нов тип пијалаци, се комбинираат со алкохол, пракса се поприсутна кај младата популација, кој е и најголем консумент на енергетски пијалаци.

Спроведено анкетно истражување - Однесување на потрошувачите во РСМ - Практики во однос на безбедноста на храната во домот

27.06.2019
Според Светската Здравствена Организација над 30-40% од случаите на заболувања поврзани со храната се јавуваат во домот. Многу истражувања и студии докажаа дека несоодветна манипулација со храната, лоша хигиена и практики во домот го зголемуваат ризикот од инфекции во домаќинствата.

За две години, од презадолжена, АХВ прерасна во солвентна институција

21.06.2019
Од задолжена институција со натрупани повеќегодишни финансиски долгови кои до јуни 2017 година достигнаа 498 милиони денари или околу 8,1 милиони евра, кон сточарите, ветеринарните друштва, лабораториите и другите испорачатели на услуги и состојба пред колапс на целокупниот систем за контрола на безбедноста на храната и здравствената заштита на животните, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), само за две години, прерасна во финансиски солвентна институција која редовно и навремено ги исплаќа обврските.

Ќе се унапредува соработката и со косовската Агенција за храна и ветеринарство

17.06.2019
Интензивирање и унапредување на соработката  во делот на безбедноста на храната, храната за животни и здравствената заштита на животните, договори на денешниот работен состанок директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов со претставници на Агенција за храна и ветеринарство на Република Косово.

Растат температурите - Заштитете ги храната и животните

10.06.2019
На прагот сме на летото кога со порастот на температурите се зголемуваат и потенцијалните ризици од појава на труење со храна. Високите температури се потенцијална опасност и за здравјето на животните доколку за нив, навреме не се преземат мерки за обезбедување на доволни количини храна и вода за пиење.

АХВ го одбележа првиот Светски ден на безбедна храна

07.06.2019
Во Македонија се јаде безбедна храна, а тоа го покажуваат и бројките. Во светот вкупно 600 милиони луѓе се погодени со алиментарна интоксикација, односно во просек заболува еден на десет луѓе, во Македонија минатата година се пријавени девет случаи, меѓутоа само во пет е потврден причинителот за труење со храна, а погоден биле 173 луѓе во тие инциденти.

АХВ дел од глобалното одбележување на 7 јуни - Светски ден на безбедната храна

06.06.2019

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), како одговорна институција за безбеднoста на храната, се приклучува кон кампањата на Организацијата на Обединетите Нации која почнувајќи од оваа година, 7 Јуни ќе го одбележува како Светски ден на безбедната храна. АХВ ќе биде дел од глобалното, прво одбележување на овој ден, за кој Генералното собрание на Обединетите Нации, во декември минатата година усвои резолуција со која 7 Јуни го прогласи за Светски ден на безбедната храна.

Демант: Паушална е оценката дека нeмa напредок во евро - интерграциите за поглавјето 12

31.05.2019
Неиздржана и паушална е изјавата на Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, дадена на денешната прес конференција со која свесно манипулирасо јавноста обидувајќи се да ја маргинализира оценката дадена од страна на Европската комисија (ЕК) за Поглавјето 12 – Безбедност на храна, ветеринарна и фито-санитарна политика.

Во Април спроведени 15.365 инспекциски контроли

31.05.2019
Приближно 62 тони небезбедна храна од животинско и неживотинско потекло уништиле инспекторите за храна и официјалните ветеринари во април годинава во рамки на спроведените 6.814 инспекциски надзори. Од нив најголемиот дел (4.945) се редовни, 446 контролни и 1.423 вонредни контроли.

Европската комисија со одлична оценка за АХВ за напредокот во евроинтеграциите

30.05.2019
Европската комисија (EK), како и за 2017 година, и во овој извештај, оценувајќи ги завршените активности на Агенцијата за храна и ветеринарство за 2018 и првата половита на 2019 година, даде одлична оценка за постигнатиот напредок во евро - интеграциските процеси за Поглавјето 12 - Безбедност на храната, ветеринарна и фитосанитарна политика. Со ваквата проценка на Комисијата, Агенцијата за храна и ветеринарство се вброи меѓу петте институции во државава кои добија највисока оцена.