Во координација со Министерството за внатрешни работи, вчера, во Струмица, инспекциски служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа акција за спречување на продажба на храна од животинско протекло без соодветна документација, надвор од зелените пазари, во нехигиенски услови и без воспоставен термички режим за нејзино чување.
Од физички лица кои продавале риба на импровизирани тезги пред струмичкиот зелен пазар, инспекциските служби на АХВ запленија и нештетно уништија 50 килограми риба, со што е спречено на пазарот да се пласира храна која е произведена или со која се ракува надвор од објект кој е одобрен од Агенцијата за храна и ветеринарство и која може да го загрози здравјето на граѓаните, бидејќи не ги исполнува општите и посебните услови за безбедност.
За прекршокот на сторителите им се изречени соодветни казни согласно одредбите од законските и подзаконските акти кои се однесуваат на безбедноста на храната.