Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Претставници на АХВ учествуваа на настани организирани од ЕФСА во Подгорица, Црна Гора

12.06.2026
Насловна слика

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство и Национален координатор за соработка со Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА), д-р Оливер Миланов, и помошникот координатор и Национален набљудувач во Мрежата на фокални точки на ЕФСА за Република Северна Македонија, м-р Мартин Јошески, од 26 до 28 мај 2026 година учествуваа на повеќе настани организирани од Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА) и Управата за безбедност на храна, ветеринарство и фитосанитарни работи на Црна Гора во Подгорица.

На 26 мај се одржа Националниот настан за подигнување на свеста (National Awareness Event), посветен на улогата на безбедноста на храната во процесот на европска интеграција и на јакнењето на соработката меѓу националните институции и ЕФСА. Во рамки на настанот беа презентирани актуелните состојби во процесот на пристапување кон Европската Унија, активностите на ЕФСА, спроведувањето на ИПА акцијата 2023–2026, како и резултатите од истражувањата поврзани со довербата на граѓаните во институциите задолжени за безбедноста на храната.

Во истиот период беше организиран и „IPA Beneficiaries’ Expo“, настан на кој земјите кориснички на ИПА програмата ги претставија своите постигнувања, тековни активности и искуства во процесот на усогласување со европското законодавство во областа на безбедноста на храната. Преку презентации, панел-дискусии и интерактивни сесии беа разменети искуства и добри практики меѓу националните координатори и претставниците на институциите од регионот.

Слика

На 27 и 28 мај, претставниците на Агенцијата учествуваа и на 61-от состанок на Мрежата на фокални точки на ЕФСА, каде што беа разгледани идните активности на мрежата, резултатите од тековната ИПА програма и можностите за понатамошно зајакнување на капацитетите за проценка на ризик и научна соработка во областа на безбедноста на храната. Посебно внимание беше посветено на идната рамка за функционирање на мрежата на фокални точки, националните активности за градење капацитети и подобрувањето на комуникацијата и размената на научни информации меѓу земјите учеснички.

Слика

Во рамки на состанокот, м-р Мартин Јошески, заедно со претставници од другите земји кориснички на ИПА програмата, учествуваше во дискусиите посветени на постигнувањата од тековната ИПА акција, резултатите од спроведените активности и нивното влијание врз јакнењето на националните системи за проценка на ризик и безбедност на храната.

Слика

Учеството на Агенцијата за храна и ветеринарство, како национална контакт точка на Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА), на овие настани придонесе за понатамошно продлабочување на соработката со ЕФСА и надлежните институции од регионот, размена на знаења, искуства и добри практики, како и за развој на националните капацитети во областа на проценката и комуникацијата на ризикот и безбедноста на храната. Со своето активно учество во европските мрежи и иницијативи за безбедност на храната, Агенцијата ја потврди својата посветеност кон градење научно заснован и ефикасен систем за заштита на здравјето на потрошувачите. Активното вклучување во работата на ЕФСА има особено значење за јакнење на научната поддршка при донесувањето одлуки и за усогласување на националниот систем за безбедност на храната со законодавството и практиките на Европската Унија. Воедно, настаните претставуваа значајна можност за воспоставување и продлабочување на професионалната соработка со претставници на Европската комисија, ЕФСА и надлежните институции од земјите членки и земјите кандидати за членство во Европската Унија.

Слика

Слика

Слика

Ознаки
Категорија