Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Позитивни оценки од страна на сертификациското тело MQS, регионален парнер на австриското национално сертификационо тело QualityAustria за Република Северна Македонија за функционалноста на документираниот Систем за квалитет, неговата усогласеност со барањата на стандардот за квалитет ISO 9001:2015 и примената во пракса.
АХВ учесник на билатералниот скрининг со ЕУ за Поглавјето 3 - „Право на основање и слобода на давање услуги“
Стручен тим од Агенцијата за храна и ветеринарство, од 23 до 24 јануари, во Брисел, Белгија, беа дел од делегацијата на Република Северна Македонија која учествуваше на состаноците во рамки на билатералниот скрининг со Еворопската унија (ЕУ) за Поглавјето 3 - „Право на основање и слобода на давање услуги“.
Бабовски учесник на првиот Управен комитет на ЕУ проектот за развој на капацитетите на ветеринарните и фитосанитарните служби на Западен Балкан
Директорот на АХВ Николче Бабовски, со тим од стручни лица од институцијата, денес, во Будва, Република Црна Гора, учествува на првиот Управен комитет на регионалниот проект “Capacity building of veterinary and plant health services in the Western Balkans - Lot 1 - Animal Health” - ADEWB II, кој е финансиран од Европската Комисија.
По сомнежот за труење со храна, спроведена вонредна инспекциска контрола во кујната во студентскиот дом Пелагонија
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, во соработка со Центарот за јавно здравје и претставници од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, утрово, по добиено известување за можно труење со храна во студентскиот дом Пелагонија, извршија вонредна инспекциска контрола во кујн...