Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Казнета кланица поради непочитување на законски одредби за нештетно отстранување на нус производи по колење

10.04.2025
Агенција за храна и ветеринарство

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), утрово спроведоа вонреден инспекциски надзор по вчера вечер објавената информација на социјалната мрежа ФБ дека струмичка кланица, преку цевка, директно испушта крв во река. Со надзорот утврдено е дека операторот постапува спротивно на законските одредби за нештетно отстранување на нус производи (член 18 од Законот за нус производи од животинско потекло – Сл. весник на РСМ бр. 08-3248/1 од 14 јуни 2023 година). 

За сторениот прекршок - нештетно отстранување и употреба на Категорија 3 материјал  - нуспроизводи од животинско потекло и производи добиени од нив, согласно категоризацијата на нус производите од животинско потекло (член 11 и 14 од Законот), операторот е казнет со парична казна од 2 илјади  евра во денарска противвредност, а одговорното лице во правното лице со 400 евра во денарска противвредност. Наредено е доследно спроведување на законските процедури за отстранување на нус производи од животинско потекло од категорија 3 (крв од животни заклани во кланица кои не покажуваат знаци на болест).

Крвта како нус производ од колењето животни ( нус производ од категорија 3), согласно законските и подзаконските акти кои ја уредуваат оваа материја, треба да се отстранува со претходно одвојување и собирање на посебно место.

Ознаки
Категорија