
Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари
Билатерална средба на директорот на АХВ, Николче Бабовски со Владимир Ѓаковиќ, директор на Управата за безбедност на храна, ветеринарни и фитосанитарни работи на Црна Гора
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, своето присуство на конференцијата “Предизвиците на безбедноста и сигурноста на храната во југоисточна Европа”, која во изминатите два дена се одржа во Подгорица, Република Црна Гора, денес го искористи и оствари билатерална средба со својот колега, директорот на црногорската Управа за безбедност на храна, ветеринарни и фитосанитарни работи, г-дин Владимир Ѓаковиќ.