Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Казнет уште еден нелегален продавач на храна со поминат рок

31.03.2025
Агенција за храна и ветеринарство

По добиено известување од полициски службеници дека при рутинска контрола на патничко моторно возило откриле значително количество кондиторски производи со поминат рок, иснепкциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) презедоа дејствија за откривање на потеклото на истите.

Во соработка со  Министерството за внатрешни работи, беше извршен претрес на дом на возачт на возилото. 
Пронајдени беа 34 пакети со таканаречени флипс прооизводи и 35 пакети оризови барови со различни вкусови, грицки и други кондиторски производи во количина од 250 килограми. Утврдено беше дека  пронајдените производи се со поминат рок и истите, како небезбедени беа одземени од инспекциските служби на АХВ.

Производите биле набавени од различни магацини и истите се нуделе и продавале на скопскиот пазар за стари работи во Маџари како и на пазарот во Шуто Оризари во Скопје.

Сторителот е казнет со парична казна во висина од 400 евра во денарска противвредност. Издадена е и наредба за уништување на небезбедните производи.

Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со спроведување на мерки за сузбивање на нелегална трговија со храна, за која може да пријават и граѓаните на бесплатната телефонска линија за потрошувачи 0800 3 22 22, електронска на info@fva.gov.mk, или лично во Агенцијата.

Ознаки
Категорија