
Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари
Труењата со храна се акутни патолошки состојби предизвикани од консумација на производи загадени со бактерии, токсини, вируси, паразити, но, само кога станува збор за два поврзани случаја - со ист вид храна и/или со храна од исто место. Во текот на летото, кога времето е топло и луѓето најчесто се хранат надвор, бидејќи голема е веројатноста да се на кампувања, излети и летувања, се зголемува ризикот од болести кои се пренесуваат со храната.
Граѓаните совесно да купуваат додатоци во исхраната преку интернет - прво да проверат дали се регистрирани
Да не наседнуваат на непроверени и непотврдени информации за продажба на додатоци во исхраната преку социјалните мрежи и преку веб платформи на нерегистрирани/неодобрени оператори, бидејќи производите може да бидат и небезбедни, без оглед дали се работи за производи од домашно производство или од увоз.
Бабовски во Брисел на објаснувачкиот скрининг за Поглавјето 12
Претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) предводени од директорот Николче Бабовски, денес и утре во Брисел, Белгија, учествуваат на вториот состанок со Европската Комисија за објаснувачкиот скрининг за Поглавјето 12 - Безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика, за преговори за членство на Република Северна Македонија во Европската унија (ЕУ).