
Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари
АХВ ќе ја одбележи Светската недела за свеста за антибиотиците
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и оваа година, од 18 до 24 ноември се приклучува кон глобалната кампања за одбележување на Светската недела за свеста за антибиотиците (World Antibiotic Awareness Week) и Европскиот ден за свеста за антибиотиците (European Antibiotic Awareness Day). Целта на кампањата, која АХВ ќе ја одбележи со неколку активности, е да се подигне свеста за ризиците по здравјето на луѓето и на животните, но и на животната средина, предизвикани од отпорноста кон антимикробните средства.