Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Соопштение

Мобилната апликација Органски пат претставена и пред АХВ

06.02.2017
Заменик директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Фирус Мемед и претставници од Одделението за заштита на потрошувачите, денес одржаа работен состанок со првите луѓе на Организацијата на потрошувачи на Македонија, здружението на агроновинари на Република Северна Македонија Медиа плус и Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит. Претставниците на невладиниот сектор го образложија проектот „Преминете на органско – потрошувачите во центарот на земјоделската политика“, што е финансиран од Европската унија, кој заедно го реализираат трите невладини организации.

ФАО им помага на ветеринарите на Балканот, во Источна Европа да се борат против болестите кај говедата

06.02.2017
Теренски прирачник на ФАО за ветеринари за болеста Чвореста кожа е сега достапен на шест јазици да помогне во превенирање и контрола на оваа болест кај говедата која зема замав во Европа од 2015 година. Ова е надополнување на неодамна спроведената обука за обучувачи во Македонија со помош на ФАО, за болеста која исто така ги напаѓа преживарите - Син јазик.

Министрите за земјоделство ја поддржаа посветеноста на Светската организација за здравствена заштита на животните да ја обликуваат иднината на сточарството

06.02.2017
На 20 јануари 2018 година во Берлин, Германија се одржа десеттиот Глобален форум за храна и земјоделство на кој учествуваше и г-дин Љупчо Николовски, Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. На Глобалниот форум учествуваат вкупно 69-те делегации на министри кои до генералниот директор на Светската организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ) и Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) доставија документ со предлози за преземање активности во насока на дефинирање иднината на поодржливо, одговорно и ефикасно сточарско производство.

Нема нови случаи на птичји грип, состојбата будно се следи

03.02.2017
Состојбата во струшкото село Мороиште е мирна и будно се следи. До овој момент, сите земени брисеви за утврдување птичји грип се негативни, рече директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски. Денеска, информира Поповски, се врши мониторинг во Мороишта и околните села во радиус од три километри. За овие пет дена вирусот не е проширен, но не може да се каже дека е исклучено болеста да се појави на друго место зашто се шири и преку дивите птици.

Соопштение:Кривична пријава за сопствениците од Мороишта ако не ја дадат живината за уништување

01.02.2017
Во струшкото село Мороишта каде е потврдено присуство на болеста Птичји грип од типот АH5N8, продолжуваат активностите на стручните тимови на Агенцијата за храна и ветеринарство за убивање и нештетно отстранување на живината, со цел спречување на ширење на вирусот на Птичји грип. Отштета за одземената и уништена живина од државата ќе добијат сите сопственици на птици и живина, согласно извршениот попис во домаќинствата.

Одржан работен состaнок на АХВ со Ветеринарната комора

30.01.2017
Во насока на подобрување на услугите кои ги даваат ветеринарните друштва на одгледувачите на добиток и домашни миленици и обезбедување на адекватна здравствена заштита на животните согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните за 2018 година, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, на иницијатива на Ветеринарната комора на Република Северна Македонија, во петокот одржа работен состанок со претставници на ветеринарните друштва од земјава.

АХВ почна со спроведување на активности за отворање на европскиот пазар за извоз на свежо свинско месо

26.01.2017
Агенцијата за храна и ветеринарство почна со спроведување на активности за добивање на дозвола за извоз на свежо свинско месо на европскиот пазар. Оваа и идната година ќе се зајакнуваат биосигурносните мерки на фармите, а од 2020 година предвиден е престанок на вакцинација на свињите против болеста класична свинска чума, по што, ќе побара од Европската унија, Република Северна Македонија да добие статус на слободна земја за извоз на свежо свинско месо на европскиот пазар.

ЕФСА: Јавна консултација за за примената на нанонауката и нанотехнологијата во храната и храната за животни

23.01.2017
Европската агенција за безбедност на храна (EFSA) преку својата мрежа на фокални точки проследи информација за отпочнување на јавна консултација во однос на нацрт упатство за анализа на ризик при примена на нанонаука и нанотехнологија во ланецот на храна и храна за животни.

Демант: Oвошјето и зеленчукот во РМ се безбедни

20.01.2017
Како одговорна институција за безбедноста на храната и здравствената заштита на животните, Агенцијата за храна и ветеринарство најостро го демантира објавениот напис на интернет порталот news24.mk - “Намирници полни со пестициди на македонските пазари:листа со 12 најотровни” со кој свесно, без аргументи се дезинформира македонската јавност дека овошјето и зеленчукот кој се продава во Република Северна Македонија е небезбедно и полно со пестициди.

Oдземена лиценцата за извоз на месо на бразилската компанија Seara Alimentos LTDA

06.01.2017
Агенцијата за храна и ветеринарство ги известува операторите со храна дека преку Министреството за надворешни работи на Република Северна Македонија, добиено е известување од дипломатско конзуларното претставништво на Федерална Република Бразил во Софија, Република Бугарија, дека на компанијата Seara Alimentos LTDA, која извезува месо и во Република Северна Македонија и е одземена лицернцата за извоз.

АХВ го подигна нивото на внимателност по појавата на птичји грип во Европа и соседството

24.11.2016
Бидејќи станува збор за болест која има специфичен начин на ширење, односно најчесто се шири преку птиците преселници кои се сметаат за нејзин резервоар, до одгледувачите на живина и до ветеринарните друштва дадени се насоки кои биосигурносни мерки треба да се преземат на фармите и какви мерки за заштита треба да преземат категориите на лица кои се изложени на ризик, бидејќи станува збор за болест од која првенствено заболуваат птиците, но и луѓето.

Апел до одгледувачите на животни од поплавените региони

11.08.2016

Сопствениците на животни да го пријават секое угинато или исчезнато грло на матичниот ветеринар од надлежното ветеринарно друштво со кое имаат склучено договор или до Агенцијата за храна и ветеринарство. Сами да не вршат подигање и отстранување на мршите бидејќи истите се потенцијален извор за појава и ширење на зарази.

Во ек акција за отстранување и закопување на угинатиот добиток во поплавените региони

09.08.2016
Стручни тимови од Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство и ветеринарните друштва, со цел превенција и спречување на појава на заразни болести во поплавените подрачја во скопскиот и тетовскиот регион, по поплавите, активно работат на отстранување и закопување на угинатите животни.

Во Брисел одржан првиот регионален состанок на Европската експертска група за справување со болеста јазлеста кожа

06.07.2016
Македонија добро се справува со болеста Јазлеста кожа, рече директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски за ТВ Канал 5 по првиот регионален состанок на Европската експертска група за справување со меѓугранични болести кај животните, организиран од страна на Светската здравствена организација, поддржана од Европската комисија кој во понеделникот и вторникот се одржа во Брисел. Состанокот беше посветен на регионалниот проблем за справување со болеста јазлеста кожа и на него беа присутни сите балкански земји.

Извршени превентивни контроли и едукативни посети на операторите со храна во поплавените подрачја

29.05.2016
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство се постојано на терен во поплавените региони. Покрај извлекувањето на домашните животни, донирањето на сточна храна за истите, извршени се и превентивни контроли, едукативни посети на на операторите со храна кои претрпеа штети од невремето и чии објекти беа поплавени на кои е укажано како да се изврши чистење и дезинфекција на објектите пред да се почне повторно со работа.

АХВ подготви Упатство за сточарите за преземање на биосигурносни мерки за заштита од ширење на болеста Чвореста кожа кај говедата

24.04.2016
Агенцијата за храна и ветеринарство подготви Упатство за примена на биосигурносни мерки на одгледувалиште, заштита на животните од убоди од инсекти и безбедно користење на ѓубриво од животинско потекло, со цел да се спречи ширењето на болеста Чвореста кожа кај говедата која се појави и во Република Северна Македонија.

Регистриран прв случај на болеста „чвореста кожа кај говедата“, нема опасност по здравјето на луѓето

23.04.2016
Регистриран е прв случај на болеста „чвореста кожа“ кај говедата во Република Северна Македонија, информира денеска на прес конференција директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство м – р Зоран Поповски. Станува збор за прв, лабораториски потврден случај на заболено животно во Демир Капија, од кои се земени мостри кои се и анализирани во Бугарија.

АХВ подготви флаер за запознавање со симптомите и превенцијата на заболувањето Болест на чвореста кожа

21.04.2016

Со цел информирање на јавноста и запознавање на сточарите за тоа какво заболувње претставува Болеста на чвореста кожа, што ја предизвикува оваа болест, кои животни се приемчиви, каде е распространета, како се пренесува, кои се нејзините клинички и знаци, дали и колку е опасна за здравјето на луѓето и за други прашања кои се однесуваат на ова заболување, Агенцијата за храна и ветреринарство подготви информативно - едукативен флаер со цел полесно препознавање на симптомите на Болеста на чвореста кожа и навремено преземање на потребните меерки за превенција и заштита.