Од 12 до 16 ноември се спроведува кампања за одбележување на Светската недела за подигнување на свеста за употреба на антибиотици (World Antibiotic Awareness Week). Целта на оваа кампања е да се подигне свеста во однос на ризиците по здравјето на луѓето и животните предизвикани од отпорноста кон антибиотици и да се промовираат добрите практики, но ида се ограничи појавата и ширењето на отпорни бактерии на глобално ниво.
Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија континуирано работи на справување со овој глобален проблем, а следејќи ги упатствата на светските и европските надлежни институции, но и согласно член 73 од Законот за безбедност на храната, има донесено Програма за контрола на антимикробна отпорност како и Годишен план за мониторинг кој почна да се спроведува од јули 2018 година, а е во согласност со актуелната легислатива на ЕУ.
Агенцијата за храна и ветеринарство изработи нацрт текст на Закон за измена и дополнувања на Законот за ветеринарно медицински препарати, со кој меѓу другото треба да се обезбеди унапредување на системот за рационална употреба на ветеринарно-медицинските прерпарати, фармаколошка внимателност, следење на несаканите дејства на ветеринарно-медицинските прерпарати и антимикробната резистенција. Текстот на Закон за измена и дополнувања на Законот за ветеринарно медицински препарати е во фаза на разгледување од страна на релевантните комисии во Собранието на Република Северна Македонија и неговото усвојување и влегуање во сила се очекува во претстојниот период.
Агенцијата за храна и ветеринарство активно се вкучува во глобалната кампања за борба против антимикробната отпорност како и за подигнување на свеста за можните ризици од прекумерна и несоодветна употреба на антимикробните средства. За таа цел изработен е краток водич за „Одговорна употреба на антимикробни средства во ветеринарната медицина“, наменет за информирање на јавноста, а пред се на засегнатите страни вклучени во прометот и употребата на овие средства.
Прекумерната или несоодветната употреба на антимикробни средства може да доведе до појава на отпорни микроорганизми кои не реагираат на антибиотскиот третман, појава која е се почеста последниве децении. Овој феномен, наречен антимикробна отпорност, претставува сериозна закана за контролата и сузбивањето на болестите ширум светот и е примарна грижа за здравјето на луѓето и животните.
Преку обезбедување на одговорна употреба на овие средства кај животните, а во согласност со меѓународните стандарди на ОИЕ ќе можеме да ја зачуваме нивната ефикасност.
Од витално значење е координирано делување помеѓу институциите одговорни за здравствената заштита на луѓето и животните и животната средина.
На проблемот со антимикробната отпорност големо внимание посветуваат водечките светски организации од областа на јавното здравје, здравјето на животните и безбедноста на храната како OIE, FAO, WHO, ECDC и други, кои континуирано преземаат активности со цел подигнување на свеста за ризиците од антимикробната отпорност преку организирање истражувања, семинари, советувања публикации за јавноста и друго. Од особена важност е и меѓусебната соработка и комуникација во однос на новите достигнувања и тековните промени на светско ниво како и размена на искуствата на експертско ниво.
Агенцијата за храна и ветеринарство активното учествува во работните тела на меѓународните организации со што постојано е во тек со најновите истражувања за антимикробната отпорност, ги следи нивните насоки и препораки и истите ги воведува на национално ниво.
Неодамна, Агенцијата подготви Прирачник за одговорна употребана антимикробните средства во ветеринарсната медицина.
Повеќе за активностите на Агенцијата за храна и ветеринарство и бопрбата за антимикробна отпорност ОВДЕ.
Информации за активностите на меѓународните организации во однос на прашањето за антимикробната отпорност и одговорната употреба на антимикробни средства, повеќе можете да најдете на следниве страници:
http://www.oie.int/en/for-the-media/amr/
https://www.who.int/antimicrobial-resistance/en/
https://ecdc.europa.eu/en/antimicrobial-resistance