Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, денес, на Пунктот за бездомни лица на Црвениот крст во Момин Поток и на СОС Детско село им ја предаде донацијата во храна која компаниите од прехранбениот сектор ја донираа во рамки на манифестацијата која вчера се одржа во Веро Центар по повод одбележување на 16 октомври – Светски ден на храната.
Од име на дечињата, првите луѓе на СОС Детско село на директорот Атанансов и Агенцијата за храна и ветеринарство му дадоа благодарница за сета досегашна заложба за поддршка на нивното работење.
И оваа година, Агенцијата за храна и ветеринарство се вклучи во кампањата на Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите Нации - ФАО, за одбележување на Светскиот ден на храната – 16 Октомври.
Во соработка со компаниите и Црвениот крст, во рамки на годинашното мото на Обединетите Нации за одбележување на Светскиот ден на храната ,,Светот без глад до 2030 е можен,, вчера беше упатена пораката дека како институции и стопанство заедно можеме да го унапредиме секторот на производство на храна и стопанството во целина и да придонесеме за производство на доволни количини безбедна храна за секој граѓанин.