Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Соопштение

Биосигурносните мерки на фармите клучни во борбата против африканската чума кај свињите

19.02.2024
Ако малите свињарски фарми не ги сфатат сериозно препораките за преземање на соодветните мерки против африканска чума, земјава може да остане без свинско месо, предупредија денеска учесниците на обуката „Мисија за одржлива техничка помош (STM) за африканска свинска чума во Северна Македонија”

Потрошувачите да внимаваат кога купуваат преку интернет

14.02.2024
Поради се поинтензивната дива продажба на храна и додатоци во исхраната на интернет, најчесто преку социјалните мрежи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ)  апелира до граѓаните да бидат свесни и одговорни потрошувачи кога пазарат преку интернет.

Антимикробната отпорност и денес во фокусот на домашната и меѓународната стручна јавност

29.01.2024
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) активно е вклучена во подигнувањето на свеста за ризиците по здравјето и на животните и на луѓето, но и уништувањето на животната средина предизвикани од отпорноста кон антибимикробните средства.

Бабовски учесник на министерската конференција за здравје на животните во Брисел и дел од прославата на 100 годишнината од основањето на WOAH

25.01.2024
Николче Бабовски, директор на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) и Генерален секретар на регионалното претставништво на Светската организација за здравствена заштита на животните за Европа – WOAH, вчера во Брисел, Белгија, учествуваше на министерската конференција за здравје на животните - “Биосигурност и вакцинација основни алатки за превенција, контрола и ерадикација на болестите кај животните”.

Засилени инспекциските контроли на храната, акцент ставен на новогодишните пакетчиња

19.12.2023
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство спроведуваат засилени контроли кај операторите со храна пред претстојните новогодишни и божиќни празници. Се проверува дали и колку  се исполнети општите и посебните услови за безбедност на храната, означувањето и заштитата на потрошувачите од измама.

Концептот „Едно здравје“ не обединува во борбата против антимикробната отпорност

14.12.2023
Подигнувањето на свеста за ризиците по здравјето и на животните и на луѓето, но и девастирањето на животната средина предизвикани од отпорноста кон антибимикробните средства, е тема на која континуирано работиме, како институција промовирајќи добри практики за нивна рационална употреба, со единствена цел, ограничување на појавата и ширењето на отпорни микроорганизми.

Бабовски учесник на петтиот состанок на Форумот на директори на ветеринарните служби од Западен Балкан

12.12.2023
Денес и утре, во Тирана Република Албанија, директорот учествува на петтиот состанок на Форумот за комуникација и соработка на директорите од Западен Балкан на проектот “Развој на капацитетите на ветеринарните и фитосанитарните служби на Западен Балкан” и на третиот состанок на Управниот комитет на Проектот.

Во Брисел почна состанокот за билатералниот скрининг за Поглавјето 12

27.11.2023
Полноправното членство во Европската унија и понатаму претставува стратешка определба на Република Северна Македонија – рече во своето воведно обраќање директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски,  во својство на раководител на работната група за Поглавјето 12, во рамки на Кластерот 5 – Ресурси, земјоделство и кохезија

WOAH ги повикува ветеринарните власти и индустријата поврзана со одгледување на животни, нивна здравствена заштита и благосостојба да ги исполнат своите обврски во врска со употребата на антимикробни средства како промотори на растот

24.11.2023
Антимикробната отпорност предизвикува се поголема загриженост. Во последниве години, меѓународната заедница презеде важни обврски за справување со оваа глобална здравствена закана. Една од нив е постепено укинување на употребата на антимикробни средства за промовирање на растот кај здрави животни. Време е да преминете од посветеност на акција.

Панел дискусија на АХВ - „Заедно да ја спречиме антимикробната отпорност“

17.11.2023
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Николче Бабовски се обрати пред учениците на панел дискусијата која ја организира АХВ како дел од годинашните активности кои од 18 до 24 ноември ќе се реализираат во рамки на Светската недела за свеста за антибиотиците

Во Виница одржана работилница “Безбедна и квалитетна храна за најмалите”

16.11.2023
Агенцијата за храна и ветеринарство одговори на барањето на стручните служби од Одделението за јавни дејности при Општина Виница за одржување на интерактивна работилница на тема “Безбедна и квалитетна храна за најмалите”.

АХВ ќе ја одбележи Светската недела за свеста за антибиотиците

16.11.2023

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и оваа година, од  18 до 24 ноември се приклучува кон глобалната кампања за одбележување на Светската недела за свеста за антибиотиците (World Antibiotic Awareness Week) и Европскиот ден за свеста за антибиотиците (European Antibiotic Awareness Day). Целта на кампањата, која АХВ ќе ја одбележи со неколку активности, е да се подигне свеста за ризиците по здравјето на луѓето и на животните, но и на животната средина, предизвикани од отпорноста кон антимикробните средства.

Салмонела нема ниту во храната, изворот на заразата дополнително ќе се утврдува

15.11.2023
Агенцијата за храна и ветеринарство(АХВ) ги доби резултатите од земените мостри од храна и суровини за подготовка на храна, од сите училишни кујни во Општина Карпош каде се подготвува храна, каде беа пријавени случаи на сомнежи на труење и беше спроведен вонреден инспекциски надзор.

На пазарот нема небезбедни безалкохолни сокови

14.11.2023

Агенцијата за храна и ветеринарство нема добиено нотификација преку Европскиот систем за известување за небезбедна храна и храна за животни (RASSF)  дека на македонскиот пазар е пласиран небезбеден безалкохолен пијалак. 

АХВ ќе спроведе превентивни инспекциски контроли во сите училишта во Општина Карпош

09.11.2023
Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Државниот санитарен и здравствен инспекторат и стручни лица од Центарот за јавно здравје, спроведуваат вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна ДПТУ “Ванила фоод” – ДООЕЛ Скопје и добавувачите на суровини за овој оператор

Се следи состојбата со труењата со минерални води и сокови во Република Хрватска

08.11.2023

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), како контакт точка на европскиот Систем за брзо известување за небезбедна храна и храна за животни  - RASSF, до овој момент нема добиено нотификација дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни минерални води и газирани пијалаци. 

АХВ дел од симулациската вежба на Црвениот крст за прва помош при земјотрес

18.10.2023
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) активно се вклучи во симулациската вежба по прва помош во итна ситуација–земјотрес  - „Хуманитарен одговор 2023”, која денес се одржа во Скопје, во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија.

Бабовски за “Тема на денот” на МТВ: Дали консумираме безбедна храна?

06.10.2023
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски учествуваше во централниот дневник на Македонската телевизија – “Тема на денот”. Акцент во разговорот беше ставен на состојбата со увезеното млеко и пробиотски јогурт од Србија