Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

Агенцијата за храна и ветеринарство ги доби резултатите од суперанализите на соините трошки и соините шницли, кои, на барање на операторот со храна се вршеа во референтна лабораторија во Европската унија. Истите, како што беше констатирано и со првичната лабораториска анализа, потврдија присуство на ГМО.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во маркети низ Македонија открила мелено месо за ќебапи и плескавици со пилешко кое било декларирано како свинско, говедско или мешано (говедско и свинско).Месото е повлечено од продажба, информира Македонската информативна агенција МИА, а операторите со храна се парично казнети – со по 5.000 евра како правен субјект, односно со по 1.700 евра одговорните лица во компанијата.
Агенцијата за храна и ветеринарство издаде налог и во моментов врши вонредна инспекциска контрола кај операторот со храна производител на леб и бели печива, по објавената фотографија на социјалните мрежи за еден од објектите на операторот, на која се гледа глодар на една од масите каде се послужува храна. Во рамки на законските надлежности, инспекциските служби на Агенцијата вршат проверка дали од страна на овој оператор со храна се почитуваат пропишаните општи и посебни барања за безбедност на храната, вклучително и тоа дали се спроведени мерките за дезинфекција, дезинсекција и дератизација.
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, во ек на туристичката сезона, спроведоа вонредни контроли во хотели, ресторани, пицерии, слаткарници, бурекчилници, пекарници, сендвичарници, ќебапчилници, кафе барови, во маркетите и во други објекти каде се подготвува, послужува или се продава храна во туристичките центри Охрид, Струга и Дојран.
Врз основа на член 10 став (1), (3) и (12) од Законот за заштита и благосостојба на животните (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 149/14, 149/15 и 53/16) и Правилникот за постапката за именување и разрешување на членовите на Комисијата за заштита и благосостојба на животните, содржината на деловникот за работа на комисијата и висината на надоместокот за работата на комисијата (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр.51/18), Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија објавува соопштение за покажување на интерес за именување на пет члена од редот на истакнати стручни и научни лица од областа на заштитата и благосостојбата на животните и едно лице претставник на невладините организации заради формирање Комисија за заштита и благосостојба на животните.
Труењето со храна е особено честа појава во летните месеци, бидејќи високите температури придонесуваат за полесно и побрзо развивање на микроорганизмите во храната. Од друга страна пак, луѓето во текот на летото повеќе консумираат ладна и сирова храна како што се: сладоледи, салати, брза храна (сендвичи) и сл.
Kалендарски се наоѓаме на почеток на летото, во период во кој се очекува пораст на температурите над 30 степени Целзиусови, што за секое животно претставува исклучително голем стрес кој може да се манифестира со намалено консумирање на храна, зголемена потреба за вода, намалено производство на млеко и слаб прираст.
Врз основа на законските надлежности и воспоставениот интегриран систем на контрола, Агенцијата за храна и ветеринарство врши постојан надзор над операторите со храна во поглед на исполнување на општите и посебните услови за безбедност на храната и за заштита на правата на потрошувачите.
Кај овците и козите во Македонија не е евидентирана болеста Чума кај малите преживари која беше потврдена на 22 јуни во Бугарија. На терен се спроведува мониторинг и ако се забележат какви било симптоми, ќе се реагира соодветно- изјави за медиумите директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанансов, по промоцијата на резултатите од твининг проектот „Натамошно развивање на контролните системи на надлежните
Зајакнување на пазарната економија и конкурентноста на македонските производи на европскиот пазар, но и гарантирање на заштитата на правата на потрошувачите преку обезбедување на високи стандарди за безбедност на храната, се дел од придобивките постигнати со реализација на активностите од проектот “Понатамошно развивање на контролните системи на надлежните институции за заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата”, чија реализација беше промовирана денес.