Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство во февруари годинава спроведоа вкупно 4.997 контроли, од нив 3.537 редовни, 452 контролни и 1.008 вонредни. За констатираните недоследности со контролите издадени се 364 решенија за нивно отстранување, изречени се 156 мерки едукација на операторите и поднесени се 8 прекршочни пријави.
За извоз на храна од животинско потекло официјалните ветеринари издале 231 сертификат, а инспекторите за храна издале 338 сертификати за извоз на храна од неживотинско потекло. Минатиот месец, уништени се вкупно 8.507 килограми небезбедна храна од животинско потекло, од кои официјалните ветеринари со контролите уништиле 1.419 килограми, а самите оператори како небезбедни поништиле 7.088 килограми храна од животинско потекло.
Во истиот временски период, од страна на официјалните ветеринари на граничните премини, не е вратена ниту една пратка.