Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

Денес на депонијата Дрисла уништени беа 4.325 килограми небезбеден путер со изминат рок кој го увезла млекарницата Евро Млекара ДООЕЛ Скопје. Како што истакна во изјава за медиумите директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, станува збор за количина која во рамки на двонеделната инспекцика контрола беше запленета од страна на официјален ветеринар на АХВ, како дел од 20 тонски увоз на путер од страна на компанијата, за која со контролите е утврдено дека манипулирала со документацијата за увоз и за складирање на производот, со рокот на употреба, која  путерот го чувала во неодобрени објекти – ладилници за складирање на храна од животинско потекло.
Агенцијата за храна и ветеринарство изминативе две недели спроведе акција за контрола на млечни производи од увоз во млекарницата „Евро Млекара ДООЕЛ“, Скопје. Во неколку последователни контроли во млекарницата и кај дел од нејзините дистрибутери, повлечени се вкупно 4.325 килограми увозен путер, за кој е утврдено дека е со изминат рок до 2019 година. Производот е повлечен бидејќи е утврдено дека рокот на декларацијата на производот (13.02.2021 година) не соодвествува со увознатна документација за производот, според која, рокот на употреба бил до 2019 година.
Евро Млекара ДООЕЛ Скопје отповика производ путер во пакување од 25 килограми во блокови и 5 килограми во канти (отворете за повеќе информации)
Продолжување и унапредување на десетгодишната соработката на полето на безбедноста на храната и здравствената заштита на животните, развој на трговијата со стоки и услуги и размена на експертски мислења и искуства, договорија на денешната прва работна средба, Николче Бабовски, директор на Агенција за храна и ветеринарство и Хенрик Маркуш, амбасадор на Словачката Република во Република Северна Македонија.
​​​​​​​Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) објави јавна консултација за нацрт упатствата за поднесување досиеа за ензими во храната. Во овој документ се опфатени научните податоци кои ќе бидат вклучени во апликациите за добивање одобрение за нови ензими во хранта, како и за продолжување на постоечките одобренија, а кои се доставуваат во соглсаност со Регулативата (ЕК) Бр. 1331/2008 и поврзаните имплементирачки акти.
Меѓународниот ден на жената е ден за славење на социјалните, економските, културните и политичките достигнувања на жените, истовремено упатувајќи повик за акција во насока на зајакнување на родовата еднаквост и забрзување на „моќта на жените“.
Во координација со Министерството за внатрешни работи, вчера, во Струмица,  инспекциски служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа акција за спречување на продажба на храна од животинско протекло без соодветна документација, надвор од зелените пазари, во нехигиенски услови и без воспоставен термички режим за нејзино чување.
Во периодот од 26 до 30 април 2021 година Европската агенција за безбедност на храна ја организира третата европска конференција за Xylella fastidiosa во чии рамки ќе организира и последниот состанок на XF-ACTORS, истражувачки проект во рамките на EU Horizon 2020 посветен на оваа патогена бактерија кај растенијата.
Агенцијата за храна и ветеринарство го ресертифицираше воведениот Систем за квалитет и во услови на глобална COVID 19 пандемија доби позитивни оценки од страна на сертификациското тело MQS за функционалноста на документираниот Систем за квалитет, неговата усогласеност со  барањата на стандардот за квалитет ISO 9001:2015 и примената во пракса.