Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

Во рамки на Проектот „Зајакнување на националната Кодекс структура во Северна Македонија“, што Агенцијата за храна и ветеринарство го имплементира со техничка поддршка на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), во соработка со Националната Агенција на Шведска за безбедност на храна и Норвешката Агенција за безбедност на храна, кои воедно се и твининг партнери на Северна Македонија во овој проект, од 05 – 06 јули 2022 година во Скопје се одржа работилница...
Согласно последниот извештај на Светската организација за здравствена заштита на животните (WOAH) забележан е ветувачки тренд во трката за борба против антимикробната отпорност и зачувување на ефикасноста на овие критични лекови.
Во пресрет на претстојниот муслимански празник Курбан Бајрам, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), денес одржа координативен состанок со претставници од Министерството за внатрешни работи, Град Скопје и Државниот  комунален инспекторат.
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски,  учествуваше на конференцијата “Едно – здравје, животна средина, општество – 2022 година”, која од 21 до денес се одржуваше во Брисел, Белгија.
Предмет на овој јавен повик e давање на јавно овластување за вршење на активности од јавен интерес од областа на здравствена заштита на животните согласно Законот за здравствена заштита на животните, Законот за идентификација и регистрација на животните, Годишната наредба за здравствена заштита на животните, како и други мерки за превенција и сузбивање на заразни болести кои ќе бидат наредени од Агенцијата на ветеринарни амбуланти, клиники, болници и ветеринарни служби на одгледувалишта одобрени по јавниот повик спроведен во април 2021 година согласно член 40 став 1 од Законот за ветеринарното здравство.
Во организација на Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА), Универзитетот во Парма, Факултет за напредни студии за храна и исхрана и Католичкиот универзитет Сакро Куоре од Пјаченца, од 28 до 30 септември 2022 година, ќе се одржи летна школа во Парма 2022 на тема „Проценка на ризик на регулирани производи“.
АХВ ги информира потрошувачите дека се отповикува следниот небезбеден производ Суви смокви НАТУРА, поради поголемо од максимално дозволено количество на афлатоксин...
Согласно Упатството на ЕФСА ГМО панелот за алергеност, за да се процени капацитетот на новел протеините во храната и храната за животни за предизвикување на болеста глутен сензитивна ентеропатија (целијакија), треба да се примени пристап за моделирање на пептид HLA-DQ, од случај до случај.
АХВ и оваа година ја поддржува глобалната кампања за одбележување на Светскиот ден на безбедна храна – 7-ми Јуни, која годинава по четврти пат ќе се одржи утре под мотото "Побезбедна храна, подобро здравје". Како одговорна институција за контрола и унапредување на безбедноста на храната, во интерес на здравјето на граѓаните, АХВ континуирано работи на превенирање и управување со ризиците поврзани со храната, а со тоа за зголемување на економскиот развој на земјава, на земјоделството и пазарите.
По повод Светскиот ден за безбедност на храната во организација на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (FAO) и Светската здравствена организација (WHO)  на 07 јуни 2022 година, од 14 до 15h ќе се одржи виртуелна панел дискусија.