#EUChooseSafeFood (#ЕУБираБезбеднаХрана)
Заедничка кампања на земјите членки на ЕУ и ЕФСА
Која е разликата помеѓу „да се употреби до“ и „најдобро пред“ на означувањето на храната? Дали постојат правила за хигиена на храната до кои треба да се придржуваме дома за да го заштитиме семејството? Дали треба да бидеме загрижени за адитивите во храната? Ова се дел од прашањата поставени од страна на европските потрошувачи на кои кампањата #EUChooseSafeFood обезбедува одговори.
Цел на кампањата #EUChooseSafeFood е да им се помогне на потрошувачите да носат информирани одлуки при секојдневниот избор на храна. Кампањата што се одвива ширум ЕУ нуди практични и достапни информации за потрошувачите, совети што треба да ги користат при купување и консумирање храна - од помош да се чита означувањето на храната и да се разберат адитивите, до давање совети за подготовка и складирање храна. Со проширување на опсегот на теми, втората кампања којашто започна на 16ти мај, се надоврзува на првата, а меѓу темите коишто се додадени се: здравје на растенијата, храна добиена со иновирани технологии и додатоци на исхрана.
Извршниот директор на ЕФСА, Бернард Урл, го поздрави започнувањето на кампањата:
Потрошувачите во ЕУ можат да бидат целосно уверени дека храната што ја ставаат на нивната трпеза е безбедна. Можат да имаат доверба во системот за безбедност на храната на ЕУ, како и на науката што е основа на неговото создавање и помага нашата храна да биде безбедна веќе 20 години. #EUChooseSafeFood е важен пример за нашето партнерство со националните органи за безбедност на храната и нашата соработка со организациите на потрошувачи, производителите на храна и граѓаните.
Примарно насочена кон европските граѓани на возраст од 25 до 45 години, кампањата исто така ќе ја објасни и улогата на ЕФСА во придонесот кон европското законодавство кое ги штити потрошувачите и целиот синџир на исхрана.
Повеќе информации се достапни за #EUChooseSafeFood кампањата мое да се прочитаат на следниов линк: