Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.

Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите. Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.

Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.
 

Кодекс алиментариус соопштенија

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, денес, во својство на проектен лидер, го одржа вториот Управувачки комитет на твининг проект „Понатамошно развивање на контролните системи на надлежните институции за заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата” вреден 751.473 евра, кој ќе го спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство со финансиска поддршка на Европската унија во рамки на ИПА 2012
Во пресрет на локалните избори, Владата на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 12.09.2017 година ги донесе следниве акти:
Алеш Брецељ е доктор по ветеринарна медицина со долгогодишно искуство во областа на заштитата и благосостојбата на животните. Како раководител на Секторот за заштита и благосостојба на животните во Управата за ветеринарство на Република Словенија активно учествувал во предпристапните преговори за влез на Република Словенија во Европската Унија, каде ги стекнал потребните искуства во областа на Евопското законодавство, особено законодавството за здравствената заштита и заштита и благосостојба на животните.
Какво законско решение се подготвува за регулирањето на донирањето храна, кои се приоритетите кон кои ќе се насочи Агенцијата за храна и ветеринарство во наредниот период,дали и колку ги следиме европските и светските стандарди во контролата на безбедноста на храната, кои се новините во зајакнувањето на контролите на безбедноста и квалитетот на медот,за отворањето на европскиот пазар за извоз на производи од риба и проширувањето на соработката со Европската агенција за безбедност на храната.
Во Република Северна Македонија нема увоз на конзумни јајца од Холандија за кои Европската комисија предупреди дека дел од количините пласирани во неколку европски земји се загадени со инсектицидот Фипронил. Единствен увоз на овој производ во Република Северна Македонија е реализиран од соседна Република Србија, од каде во првите 6 месеци од 2017 година биле увезени 162.560 килограми конзумни јајца, односно 509.402 килограми во 2016 година.
Агенцијата за храна и ветеринарство ги доби резултатите од анализираните мостри крв земени од овците во бачилото од гостиварското село Симница и кај нив, од страна на Факултетот за ветеринарна медицина е потврдено присуство на Кримска Конго хеморагична треска и Кју треска. Станува збор за болести кои ги пренесуваат вектори (инсекти, крлежи, комарци и глодари) и од кои може да заболат и животните и луѓето.
Со цел зголемување на мерките за претпазливост и заштита на здравјето на луѓето и на животнитен од појава и ширење на векторпреносливите болести (болести кои се пренесуваат со вектори - инсекти, крлежи, комарци или преку глодараи), Агенцијата за храна и ветеринарство препорачува да се спроведуваат следните безбедносните мерки кои се од особена важност за намалување на ризикот за можна појава на овие болести
Календарски се наоѓаме на почеток на летото, во период во кој се очекува пораст на температурите над 30 степени Целзиусови, што за секое животно претставува исклучително голем стрес кој може да се манифестира со намалено консумирање на храна, зголемена потреба за вода, намалено производство на млеко и слаб прираст.
Труењето со храна е особено честа појава во летните месеци, бидејќи високите температури придонесуваат за полесно и побрзо развивање на микроорганизмите во храната. Од друга страна пак, луѓето во текот на летото повеќе консумираат ладна и сирова храна како што се: сладолед, салати, брза храна (сендвичи) и сл. Затоа, за да се спречи евентуалното труење со храна, Агенцијата за храна и ветеринарство Ве советува за следните едноставни чекори до храна која е безбедна за консумирање и тоа: Правилен избор, набавка
Официјални ветеринари од Агенцијата за храна и ветеринарство, во соработка со надлежното ветеринарно друштво и стручни лица од Факултетот за ветеринарна медицина вршат контрола на одгледувалиштето за овци во гостиварското село Симница, со цел утврдување на евентуално присуство на заразна болест кај добитокот и евентуалната причина за појава на болест од која две лица починаа, а уште 7 се лекуваат на скопската Клиника за инфективни болести.