Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.

Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите. Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.

Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.
 

Кодекс алиментариус соопштенија

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) доби потврда дека и во 2018 година, Европската унија, парично или со вакцини, ќе ја поддржи Република Северна Македонија во преземање на активностите за справување со болеста Јазлеста кожа. Потврдата за поддршка од Унијата, АХВ ја доби на петтиот работен состанок на Постојаната експертска група за Јазлеста кожа за Југоисточна Европа, кој минатата недела се одржа во Будва, Република Црна Гора на кој присуствуваа експерти од Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ, oрганизацијата за земјоделство и храна при Обединетите Нации – ФАО, сите земји од регионот, земји членки на ЕУ кои граничат со регионот, како и претставници од Турција, Украина и Русија.
Агенцијата за храна и ветеринарство денес почнува со реализација на есенската кампања за вакцинација на лисиците против беснило со авионско фрлање на вакцинални мамки од аеродромите во Скопје и во Штип.
Агенцијата за храна и ветеринарство најостро ги демантира наводите во текстот ,,Состојбата е алармантна! Заштитете се себе си и вашите деца: Еве како да препознаете дали месото е полно со антибиотици и хормони” објавено на интернет порталот www.skopje24.mk, а преземено од неколку други интернет изданија во кој неодговорно се тврди дека граѓаните јадат месо полно со антибиотици, хормони и адитиви.
Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ) и Црвениот крст во Веро Центар во Скопје, во саботата ги одбележаа 16 Октомври, Светскиот ден на храната и 17 Октомври - Светскиот ден на борба против гладта, со промоција а храна на штандови и делење брошури за едукација на граѓаните.
Подигнување на јавната свест и зајакнување на контролата на вектор преносливите болести кои иако нетипични за овие простори, од неодамна се присутни и во регионот и во Република Северна Македонија. Како да се препознааат болестите Јазлеста кожа и Син јазик, каква е улогата на векторите во пренесувањето на болестите, кои се мерките кои треба да се преземат за да се спречи нивното ширење, како да се препознаат клиничките слики на овие до неодамна непознати болести, како да се дијагностицираат.

Агенцијата за храна и ветеринарство е домаќин на првата работилница “Обука за обучувачи за заштит

Европската агенција за безбедност на храна (EFSA) организира научна конференција со заинтересираните страни со цел да дискутира за активностите кои се спроведени во изминатите две години во областа на пестицидите. Цел на конференцијата е да размени идеи со заинтересираните страни во однос на предложениот пристап од страна на EFSA даден преку две научни мислења.
Европската агенција за безбедност на храна (EFSA) организира отворен пленарен состанок на панелот за генетски модифицирани организми кој ќе се одржи на 25 и 26 октомври 2017 година во Парма, Италија.
Со промотивно – едукативен настан кој се одржа денес во Градски парк во Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство го одбележа Светскиот ден на борба против беснило, болест еднакво опасна за животните и луѓето. Од претставниците од Фекултетот за ветринарна медицина, од Ветринарната комора на РМ и ветеринарните друштва, упатен беше апел до сите граѓани кои чуваат миленици кучиња и мачки, да бидат одговорни сопственици, да ги вакцинираат животните против беснило. На таков начин акко што беше истакнато, ќе го заштитат нивното и сопственото здравје.
“Биди неговиот херој” е мотото под кое денес Агенцијата за храна и ветеринарство, од основното училиште “Јохан Хајнрих Песталоци” ја почна реализацијата на третата фаза од регионалната кампања на Светската организација за здравствена заштита на животните - ОИЕ за подигнување на јавната свест за одговорното сопствеништво, како еден од основите за контрола на бездомните кучиња. Станува збор за кампања која заедно со соседните земји Србија, Бугарија, Косово, Албанија и со Хрватска и Црна Гора, Република Северна Македонија почна да ја реализира во мај 2016 година.