Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Април 2019
Во првите три месеци од годинава АХВ направи 16.578 инспекциски контроли
Инспекторите за храна и официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство, во првите три месеци од годинава спроведоа вкупно 16.578 инспекциски контроли, од кои 11.761 редовни, 1.464 контролни и 3.353 вонредни контроли. За констатираните недоследности изречени се вкупно 1.769 мерки. Донесени се 1.216 решенија, спроведени се 499 едукации на операторите со храна, изречени се 5 мандатни казни и поднесени се 13 прекршочни пријави.
Антимикробна отпорност
Постојните законски и подзаконски акти го уредуваат правилното и одговорно користење на антимикробни ВМП преку обезбедување на соодветна платформа за спречување или намалување на развојот на резистентни микроорганизми кај животните и луѓето со цел:
Одобрување на ВМП
Со примена на одредбите од Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на одобрение за ставање во промет на ветеринарно-медицински препарат, како и општите и посебните услови кои треба да ги исполни ветеринарно-медицинскиот препарат за ставање во промет (“Службен весник на Република Северна Македонија бр.25/13 и 34/15” [врска] ) се пропишуваат:
Ветеринарно - фармаколошка внимателност (Фармаковигиланца)
Ветеринарна фармаковигиланца е тековен мониторинг на безбедноста и ефикасноста на ВМП употребени за превенција, дијагноза и третман на болесети кај животните и опфаќа истражување и активности поврзани со откривање, проценка, разбирање и превенција на несаканите ефекти или било кои други проблеми поврзани со ВМП. Сите промени кај животните, кои се несакани, несоодветни и се појавуват по употреба на ВМП (off label или on label uses), вклучувајќи недостаток на ефикасност согласно наведеното во СПС или несакани ракции кај луѓето по изложување на ВМП (VICH).
Одобрување за увоз на ВМП
За добивање на решение за одобрение за увоз на ветеринарно – медицински препарати кои привремено се ставаат во промет до Агенцијата за храна и ветеринарство се поднесува барање до архивата на Агенцијата за храна и ветеринарство за добивање на решение за одобрение за увоз на ветеринарно – медицински препарати кои привремено се ставаат во промет согласно член 9 од Правилникот за ветеринарно – медицински препарати кои привремено се ставаат во промет, начинот на нивната употреба, како и контролата на ставање во промет и употреба [врск
Одобрување на правни лица кои вршат промет со ВМП
Правните лица кои произведуваат, вршат промет или употребуваат ВМП мора да поседуваат дозвола/одобрение за вршење на дејноста согласно Законот за ВМП и Законот за ветеринарно здравство.
Целокупната постапка трае 90 дена од денот на поднесување на уредно барање до АХВ.
Постапка за одобрување на правни лица кои вршат промет на големо или промет на мало со ВМП: